Совети за младите новинари: Како да разоткриете лажни вести

Датум

По изборите во Америка, две од најголемите интернет компании во светот решија да ја засилат контролата врз лажните вести. Google најави дека ќе забрани користење на нивните онлајн рекламни услуги за интернет страниците кои промовираат такви вести, додека Facebook вели дека ги додале лажните вести во својата политика за рекламирање на интернет страници кои прикажуваат лажна или незаконска содржина.

Гледани заедно, овие одлуки се јасен сигнал дека интернет издавачите се освестуваат за опасностите од погрешното информирање на интернет. Новинарите знаат дека нема ништо ново во однос на проблемот со лажните вести. Лажното, непровереното и погрешното известување секогаш постоело, но напливот зема замав со развојот на новите технологии кои помогнаа да се обликува нов свет на сензационалистички наслови, вирални комуникации и потврда на пристрасност.

Новинарите треба да следат некои основни правила за да не станат жртви на лажни стории објавени на интернет. Мрежата за етичко новинарство ги излиста следниве совети за почетници:

  • Користете интернет страници за проверка на факти. Најугледните медиуми веќе детално проверуваат сè што пристига во нивните сандачиња, но сега и фриленсерите и помалите медиуми може да добијат помош од заедница на проверка на факти на интернет која рапидно расте. Интернет страниците како www.factcheck.org во САД или fullfact.org во Велика Британија, на пример.
  • Внимавајте на интернет страници со чудни имиња. Чудните имиња на домени или страници кои завршуваат на “.com.co” на пример се често лажни верзии на вистинските извори на вести.
  • Проверете го полето „За нас“ на интернет страницата. Отсуството на таквото поле е загрижувачки знак и проверете го провајдерот на Wikipedia.
  • Внимавајте на стории кои не се објавени на друго место.  Шокантен, неверојатен или ненадеен настан би имал и друг извор. Доколку нема, бидете сомничави.
  • Отсуството на автор или извор е причина за загриженост. Тоа понекогаш е оправдано, но треба да биде објаснето и, доколку не е, не му верувајте.
  • Проверете го датумот. Еден од омилените трикови на објавувачите на лажни вести е да ги спакуваат старите стории во ново пакување. Тие можеби биле точни, но кога се користат вон време и контекст може да станат опасно лажни.
  • Конечно, не заборавајте дека постои нешто што се вика сатира. Не сè што е лажно е злонамерно. Тоа може да биде и забавно и може да доаѓа од угледен извор на новинарство. Private Eye, водечкото британско сатирично списание, на пример, има извршено одлично фактичко истражувачко новинарство покрај забавната пародична содржина, но се најде на листата на интернет страници на „лажни вести“ во напливот на паниката за дезинформирање по изборот на Трамп.

Извор

Останати
објави

Сподели на...