За време на пандемијата со Ковид-19 многу редакции низ целиот свет се префрлија на работа од дома. Иако новинарите се навикнати на независно работење, сепак постојат неколку работи кои се многу важни и треба да бидат разгледани.
Комуникација
Постои голем ризик дека комуникацијата помеѓу луѓето кои работат во редакцијата може да се влошат.
Затоа од голема важност е да се внимава уште повеќе и да се биде сигурен дека сите во редакцијата, не само што ќе бидат свесни за тоа што треба да прават на дневна база, туку исто така треба да ја знаат и големата слика: вашите уреднички планови, подолготрајни проекти, бројки за читаност и реакции на објавените текстови, краткорочна и долгорочна стратегија, како и предизвиците со кои се соочувате како редакција и како медиумски бизнис.
Ова може да се постигне со тоа што сите треба да можат и треба да учествуваат на утринските и неделните состаноци за планирање на активностите. Различни редакции користат различни техники:
- Некои им дозволуваат на вработените да се приклучат и да слушаат што се зборува на уредничките колегиуми иако не се очекува од нив да придонесат.
- Некои пишуваат нешто како записник од состаноците и потоа им го праќаат на сите вработени.
- Некои уредници снимаат кратко видео и го дистрибуираат до новинарите преку електронска пошта или порака.Она е што е особено важно е луѓето да имаат шанса да зборуваат не само со своите уредници, но исто така и со другите колеги, да разменуваат идеи, контакти или пак само да ги поддржуваат пријателите и колегите.Апликации за пораки како Ватсап функционираат сосема добро, но сепак, осигурајте се дека ќе ги почитувате следниве правила:
- Направете посебни групи за работа и за „забава“, не праќајте шеги во групата за работа, држете се до поентата и професионалноста.
- Не создавајте групи за разговор со премногу луѓе, тие стануваат пренатрупани и збунувачки. Најдобро е да имате посебни групи за разговор за секоја рубрика и потоа еден од уредниците да ги споделува информациите.
Технологија
Да речеме дека вашата редакција лесно се префрлила на режим со работа од дома при што вашите новинари се способни да постираат од дома на вашата веб-страница, радио и ТВ програмите се емитуваат од нивните дневни соби, а сметководителите од дома ја средуваат платата секој месец.Сепак, ова може и да не се случува мазно, па еве неколку совети како да се осигурате дека можете да ја „организирате“ технологијата за работа од дома.Повеќето вработени имаат или службен паметен телефон или личен (сепак, проверете со секој вработен поединечно со какви апарати располагаат), па ова е време во кое треба да се извлече максимумот од апликации за соработка како што се Вебекс, Хадл, Фејстајм, Ватсан, Зум и други.
Дозволете одреден период на адаптација, утврдете кои алатки за комуникација и за работа од дома најдобро функционираат за вас: Скајп или Зум. Штом утврдите, држете се до таа одлука. Полесно е да мониторирате и поддржувате еден систем, отколку повеќе. До сите испратете инструкции за како да ги инсталираат алатките како и правила на комуникација (исклучен микрофон, без смешни сликички, мерки за безбедност и сл.).
Ако е потребно организирајте онлајн работилници за тоа како се користи одреден софтвер. Ако можете инвестирајте во надградена верзија (бесплатните имаат помалку опции), бидејќина долг рок ќе ви заштеди и време и пари.
На новинарите кои произведуваат мултимедијални содржини од дома јасно укажете им какви формати очекувате. Краток водич со примери многу би помогнал.
Безбедност
Ако претходно не сте имале формулари за проценка на ризикот, сега е време да го направите тоа. Не мора да биде долго, само кратка листа за се што е потребно ќе заврши работа.
Прашања кои веројатно ќе сакате да ги поставите:
- Каде ќе одиш за таа сторија (можеш ли да ја направиш од дома)?
- Кои се потенцијалните ризици?
- Како ќе ги намалите ризиците? (опрема, држење растојание, дезинфекција?)Овие прашања ќе им помогнат на новинарите да се фокусираат на безбедноста и ќе им овозможи на раководителите да прават подобри одлуки за распоредување и испраќање на терен.Осигурајте се луѓето од вашата редакција со постоечки здравствени проблеми да имаат доверлив начин да ве известат и да има начин како да ги заштититет од непотребни ризични задачи.И последно, но не и неважно – поддржувајте ги вашите вработениСега повеќе од кога и да е треба да покажете сочувство со членовите на тимот со тоа што ќе се обидувате да ја разберете нивната лична ситуација и да ги прашате што и како може да им помогнете како раководител, колега, дури и другар. Запомнете дека безбедноста и сигурноста треба да имаат приоритет пред што било друго. Затоа почнете со пријавување наутро и со прашање до членовите на тимот како се денеска, ислушајте ги внимателно нивните одговори. Прифатете ги предизвиците кои ги има секој вработен и споделете искуство како вие се снаоѓате и носите со слични проблеми.
Ако е возможно правете дневни (или двапати неделно) неуреднички состаноци. Обидете се да зборувате барем еднаш неделно со секој од вработените поединечно. Додека сите се навикнуваме на новото нормално во целиот свет, може да има разлики во реалностите со кои секој вработен се соочува, од жонглирање со чувањето деца при работа од дома, купување храна за семејството, грижа за ранливи луѓе, страдање од потенцијални симтоми на Ковид-19 или справување со изолација. Осигурајте се дека не ги прашувате само за работи кои се однесуваат на работата, но исто така покажете грижа и за тоа како се тие лично и на приватен план.
- Кога е возможно користете видео врска за состанок со своите вработени за да си ги видите лицата, затоа што тоа ја зголемува довербата и ангажираноста повеќе отколку разговор само со звук.
- Покажете им го на луѓето вашиот нов работен простор со камера, покажувајќи им го потенцијално предизвикувачкиот распоред на масата за јадење, или прозорецот или спалната соба претворена во работна и охрабрете ги вашите вработени да го направат истото. Претставете ги вашите деца како колеги ако не можете да ги спречите да втрчуваат во собата и да учествуваат на состаноците.
- Користете тимски групи за разговор за споделување квалитетни новинарски производи, како и успеси или мали победи.
Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.