Социјалните мрежи како доказ за сексистичкиот однос кон спортските новинарки

Датум

„Некој треба да ѝ каже на оваа страшна и бучна жена на „Еуроспорт“, во несоодветна облека, дека седам веднаш пред неа и дека нема потреба да вика“. Ова е само еден од многуте навредливи твитови што водителката на „Еуроспорт“ и GCN, Орла Ченауи, која моментно го коменира и известува од „Тур де Франс“, ги добива редовно кога е во етер. Многумина од нив ги означуваат нејзините канали на социјалните мрежи за да биде принудена да ги гледа.

Огромно мнозинство од навредливите пораки се однесуваат на начинот на облекување и зборување на Ченауи, само затоа што се осмелува да биде своја. Таа не придава значење на тоа што и како другите луѓе мислат како треба да изгледа една жена. Таа е нескромна кон самата себе и, се чини, дека тоа вознемирува мало, но гласно малцинство кое верува дека жените треба да бидат тивки и резервирани.

Ченауи не е единствената жена што трпи таков вид на злоупотреба на социјалните мрежи. Има повеќе жени од кога било кои работат во спортските медиуми, но тие сè уште се малцинство, а сексистичките ставови кон нив сè уште се присутни.

Спортската индустрија и, конкретно, велосипедизмот, сè уште е свет во кој доминираат мажи. Еден брз поглед низ прес-салата на „Тур де Франс“ овој месец открива само неколку жени меѓу стотиците фотографи и новинари. Така е во текот на целата сезона на, речиси, секој настан.

Работите донекаде се променија, откако првпат почнав да работам во специјализираното новинарство за покривање на велосипедизам, но сè уште е ретко да се видат жени меѓу новинарите, без разлика дали се работи за ТВ водителки, експертки, новинарки или фотографки.

Различни студии во светот ја истакнаа огромната нерамнотежа меѓу мажите и жените во спортско новинарство. Студијата објавена во Германија оваа година покажа дека помалку од 10 проценти од работите во спортот им се припишуваат на жените.

Сексизмот се изразува низ различни форми. Доаѓа на директен начин преку навредливи пораки на социјалните мрежи, но може да дојде и на многу понеексплицитен начин.

Кога присуствував на трката Курне – Брисел – Курне во оваа сезона, јас бев единствената жена во прес-салата, а друг новинар помисли дека сум на угостителскиот персонал. Во минатото, имав други вакви и слични искуства, верувајќи дека сум обожавател наместо новинар.

Ваквите работи изгледаат мали, но тоа е демонстрација на очекувањата дека жените не припаѓаат на спортското новинарство. Исто така, на социјалните мрежи ми беше порачано дека жените не треба да пишуваат за велосипедизам, затоа што не го разбираат, став што го знаат многу спортски новинарки.

Кога жените се издигнуваат во спортот, особено на телевизија, тие често се изложени на многу повеќе злоупотреба од нивните машки колеги. Злоупотребата на новинари, машки или женски, е погрешна, но жените во спортското новинарство многу почесто го носат товарот со вознемирување, несоодветни коментари и тролање на социјалните мрежи.

Жените не треба да бидат имуни од конструктивни критики, но честопати овие таканаречени критики не се однесуваат на способноста на жената да ја врши својата работа.

Новинарките многу често наидуваат на осуда за тоа што го носат, како звучат, како изгледаат, дали се насмевнуваат премногу или недоволно и други стандарди на кои нивните машки колеги не се придржуваат. Жените, исто така, се споредуваат една со друга како само неколку од нас да можат да бидат дозволени во овој простор во кој доминираат мажи и тоа е натпревар да се види кој е најдобар.

За некои, на жените не им е дозволено да бидат премногу гласни, да се истакнуваат или да се облекуваат на начин што е ништо помалку од конзервативно.

Постои школа на мислата дека треба да ги „испегламе“ овие, таканаречени, „тролови“ од вниманието што тие го сакаат и тоа ќе исчезне, но повторувањето на навредливи пораки што жените како Ченауи ги добиваат постојано покажуваат дека ова не функционира.

Ваквите пораки треба да се прогласат за она што се, сексистички. На спортските новинарки, всушност на сите жени, треба да им се дозволи да ја вршат својата работа без грижа дека ќе бидат критикувани за тоа што го носат или како изгледаат.

Не можеме само да седиме, да бидеме тивки и да не правиме ништо. Не треба да бидеме само принудени да го преземеме, затоа што тоа е „дел од работата“. Сите ние мора да станеме и да застанеме против сексизмот во сите негови форми.

Извор: velonews.com

Фото: Pixabay

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...