Страв и анксиозност е цената која новинарите ја платија при известување од пандемијата на ковид-19

Подготви: Мирјана Мирчевска Јовановиќ

 

КЛУЧНИ ПОДАТОЦИ

– На 61 отсто од медиумските работници велат дека пандемијата негативно влијаела врз менталното здравје
– 42 медиумски работници останале без работа
– 74 проценти од новинарите не сметаат дека состојбата ќе се промени по ковид кризата

 

Страв, анксиозност, депресија, неизвесност овие последици од ковид пандемијата ги чувствуваат 61 процент од анкентираните медиумски работници. Истражувањето е направено врз 150 испитаници кои работат во медиумите спроведено во октомври од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

„Несоница, трауми од слики кои биле на терен, неизвесност, проблеми со здравјетo зголемен крвен притисок“ се најчестите изјави на медиумските работници кои известувале во време на кризата со ковид-19 која трае скоро две години.

На прашањето „дали сметате дека вашиот работодавец обезбедил услови да се чувстувате безбедно при ваквото известување?“, 103 медиумски работници одговориле НЕ, а речиси исто толкав број изјавиле дека не се осигурани на своето работно место во вакви услови за работа.

Медиумските работници во услови на криза и за известување во криза одговориле дека во медиумите немаат посебни протоколи за известување, тие се воделе од приниципите на начелата за пишување на Здружението на новинари, Советот за етика и биле внимателни во делот „сензација и проверени информации“.

Освен грижата за сопственото здравје медиумските работници се загрижени и за задржувањето на своето работно место. На прашањето „дали се загрижени за губење на работата? Според одговорите на испитаниците почнувајќи од оценките од 1 до 5 испитаниците одговориле:

Со оценка еден, која се однесува на највисока загриженост, одговориле 49, со оценка два – 46, со оценка три – 33, со оценка четири – 13, а само деветмина се целосно сигурни за нивното работно место во време на оваа пандемија. Деведесет и осум испитаници од вкупно 150 од 1 до 5 одговориле дека покривањето и известувњето за пандемијата била исцрпувачка и интензивна.

Најтешко за пола од испитанците била социјалната дистанца и недружење со луѓето, бидејќи според одговорите работата и известувањето не е само додека трае работното време, туку мислите и тежината продолжува и дома кога останувате сами без можност за дружба и отргнување на мислите. Пола од нив кажале дека најголем страв при работата и известувњето за ковид е високиот ризик за зараза од вирусот.

Со оценка три медиумските работници го оцениле начинот на работа со отсуството на физичко присуство на дел од прес-конференциите. Сепак непосредната комуникација многу недостаувала во делот на известување и за пола од учесниците е многу подобра, во однос на интернет прес-конфернциите.

Пола од испитаниците работеле дома, други работеле во групи, но дел од нив целата пандемија ја работеле директно од своите работни места. Петнаесет испитаници се изјасниле дека од почетокот на пандемијата платата им била намалена од 10 до 30 проценти во првите два месеца, а потоа им била вратена старата сума.

Ковид пандемијата оставила 42-ца без работа во медиумите, потврдиле испитаниците по поставеното прашање „дали познаваат некого кој изгубил работа поради ковид-кризата?“.

Ковид-19 го застана светот и се промени целиот начин на комуникација. Но, „дали ќе се промени состојбата на работа во медиумите?“, 103 одовориле не, а оние кои одговориле потврдно објасниле дека можна е финансиска криза, но и нов начин на комуникација на пример, користење на интернет мрежите за комуникација во делот на снимани изјави.

Анкетата содржеше 48 прашања, а токму последното прашање за испитаниците беше „дали би си заминале од новинарската професија?“, 62 би го замениле новинарството со друга професија, а 88 сакаат се уште да бидат новинари. Во однос на висината на платата, најголем дел од нив, според одговорите, спаѓаат во групата од 15-20.000 денари, дел од 20-25.000 денари и помал дел се од 25 до над 30.000 денари плата месечно.

Дополнително она што ги загрижува голем дел од медиумите сè уште се настаните во затворено, каде и има и реакции на самите медиумски работници во делот на не почитување на носење на маски во затворено каде има голем број на пристуни. Пример за тоа се изборите и прес-конфернциите во политичките партии, како и отворањето на трговските центри.

Во делот на влезот во болници и ковид центри целосно се почитуваат протоколите за заштита на медиумски работници кои известуваат од внатре од ковид центрите.

Состојба со медиумите во регионот

Црна Гора

Во Црна Гора, иако имало најава за отпушатње на медиумски работници, имало и нови вработувања. Од Синдикатот на новинари во Црна Гора објаснуваат дека причина за тоа било што државата на медиумите им дала 2,5 милиони евра помош за санирање на последиците од пандемијата. Но, остануваат старите проблеми каде медиумските рабоници работат прекуваремено и често не се платени за таа работа.
Радомир Крачковиќ – Синдикат на новинари на Црна Гора

Србија

Во Србија немало намалување на платите на медиумските работници. Она што е карактеристично е бројот на зголемување на часовите на работа од 176 месечно се зголемил за 400 работни часови во март и април минатата година, кога голем дел од вработените, на пример во РТС, дале и отказ.
Ана Стаменковиќ – РТС

Грција

Особена реакција во јавноста и кај опозициските партии предизвика т.н „листа Пецас“, односно списокот со 1.232 грчки медиуми што добиле финансиски средства од грчката Влада во висина од вкупно 20 милиони евра за кампањата. Остануваме дома, односно за кампањата за информирање на граѓаните за превенција од коронавирусот на почеткот на пандемијата и во период додека земјата беше во карантин. Листата била доставена во јули минатата година од портпаролот на Владата, Стелиос Пецас по барање на опозицискта СИРИЗА.
Сања Ристовска – дописник на МИА од Грција

ЗАКЛУЧОК: Приходите на новинарите и медиумските работници и понатаму се под државниот просек, но мора сериозно да се посвети внимание и на заштита на медиумските работници од потенцијална зараза, како и на влијанието на кризата врз нивната психолошка состојба.