Студентите по новинарство се соочуваат со предизвикувачка кариера

Датум

„Мислам дека ние, како млади новинари, имаме простор да ги подобриме медиумите“, вели Андреа Кнежевиќ, дипломиран студент на Универзитетот во Нови Сад.

Тие студенти влегуваат во професија која е недоволно почитувана или заштитена. Многу новински куќи во земјата шират владина пропаганда, а не објективни, вистинити информации, објаснува професорката Јелена Клеут.

Клеут вели дека таквото пристрасно опкружување за вести не е единствената пречка со која се соочуваат студентите по дипломирањето. Некои новинари беа приведени затоа што ја избраа страната што ги доведуваше во прашање одлуките на владата.

„Тоа е професија која е несигурна не само од аспект на можни напади врз новинарството, туку и во однос на платата, во однос на работното време“, додава таа.

За да им се помогне на студентите да ги разберат недостатоците на медиумите во Србија, Клеут вели дека тие укажуваат на примери на добро новинарство и разговараат за разликите меѓу нив.

Клеут нагласува дека новинарството е повик и дека е инспирирано од страста на студентите за работа која има голема одговорност кон јавноста.

Кнежевиќ и колешката Дијана Дацин велат дека постоењето на платформа за поттикнување на промени е непроценлива, и покрај темниот облак кој моментно е надвиснат над новинарството.

Кнежевиќ истакнува дека е особено заинтересирана да работи со други млади луѓе за изнаоѓање на решенија за заедничките проблеми.

Од друга страна, Дацин вели дека е заинтересирана за истражувачко новинарство, иако истражувачките новинари се предмет на малтретирање.

„Кога ќе ја завршите приказната и ќе пронајдете нешто што е незаконско, некое злосторство и такви работи што може да се обелоденат во јавноста, тогаш мора да вреди“, вели таа.

Да научите да опстоите и покрај можната одмазда од властите е само дел од нештата со кои треба да се носат студентите, вели Кнежевиќ.

„Тоа е работата што ја избравме“, нагласува таа. „Мораме да научиме да живееме со тоа, ако сакаме да создадеме подобра медиумска слика во иднина.

Извор: Cenzolovka.rs

Фото: Unplash

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...