Твитер како оружје во рацете на новинарите

Датум

На Твитер новинарите може да пронајдат идеи за текствои, соговорници и информации кои им се неопходни, или едноставно да ја промовираат својата и работата на нивните медиуми.

Неретко се случува значајни информации да се попрво достапни на социјалните мрежи, како  Твитер, отколку во медиумите. Се случувало да пронајдам такви информации и да ги проверувам, барам изјави од сите засегнати страни и да објавам текст кој е прилично читан и за кој се зборува во другите медиуми.

Тоа е само еден од примерите како Твитер може да биде корисен и да им помогне на новинарите во вршењето на нивната работа, да биде добар избор на текстови, од вести па до истражувања.

Тоа особено се случува денес кога многу јавни личности комуницираат со јавноста преку социјалните мрежи. Така, поранешниот Претседател на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој, ја извести јавноста во твит за одлуката за започнување преговори на Србија со Европската Унија. Мексиканскиот претседател, наместо на конференција за печат, твиташе дека е уапсен еден од најпознатите бегалци, водачот на нарко картел, Хоакин Гузман Лоера, познат како Ел Чапо.

Како кога проверуваат електронска пошта да видат дали им стигнало некое соопштение или изјава од функционер, така новинарите денес ги проверуваат социјалните мрежи, меѓу кои и Твитер, на истите тие фукционери и известуваат врз основа на нивните објави.

Твитер во истражувачка мисија

Во истражувачкото новинарство, Твитер може да биде почетна точка во истражувањето, може да укажува во кој правец треба да оди истражувањето, но и да биде доказ кој упатува на одредени врски со лицата и настаните се кои се занимаваат новинарите во текстовите.

Твитер може и да им послужи на новинарите да дојдат во контакт со некој кој може да им помогне во истражувањето. Добрата страна на оваа социјална мрежа, како и на другите, е дека се преполни со различни информации и луѓе од сите општествени сфери. Таму пишуваат полицајци, државни службеници и многу други. За него често се зборува како за една голема кафана каде информациите кружат со неверојатна брзина.

Корисно за новинарите би било да направат различни листи во кои ќе се вклучат твитерџии во согласност со нивнат апрофесија. Така е можно да се направи листа составена само од претставници на власта или опозицијата, други новинари, спортисти, и сл. Тоа подоцна може да им помогне на новинарите при истражување бидејќи ќе ги имаат на едно место сите луѓе од една област.

За следење на различни твитови во исто време најдобро е да се користи твитдек (tweetdeck). Преку него може во исто време да се гледа што пишуваат луѓето кои ги следите, твитерџиите од листата која сте ја составиле, што се пишува за некоја тема или настан кој ве интересира, но и што се пишува, на пример, за екоја личност која е во моментот актуелна во јавноста. Тоа особено може да биде корисно кога ќе се случи нешто кое автоматски ќе го насочи вниманието на твитерџиите на тој настан. Такви беа терористичките напади кои во последно време се случуваа низ целиот свет. Со оглед на тоа што твитдек ви овозможува да ги следите сите твитови, како и оние со фотографии, видеа и линкови, на тој начин може да дојдете до автентична содржина од лице место иако таму не сте биле ниту вие, ниту вашите колеги. Можно е да се постави звук или нотификација на твитдек кој ќе ве известува кога ќе се појави нов твит во рамките на она што се одлучиле да го следите.

Лажни содржини на твитер

Без оглед за која цел го користите Твитер, новинарите мора да имаат на им дека за него важат сите правила како и за останатите извори. Тоа што некој напишал нешто на Твитер не значи дека е точно и сите објави мора да се проверат. И дали сме вооошто сигурни дека лицето кое таму пишува всушност она кое тоа се претставува дека е? Во ситуација кога новинарите во дневните редакции мора брзо да донесат одлука дали нешто да се објави или не, грешките се големи.

Тоа што некој напишал нешто на Твитер не значи дека е точно и сите објави мора да се проверат

На пример, во 2013 година медиумите пренесоа дека некогашниот претседател на Советскио Сојуз, Михаил Горбачов, умрел. Веста ја пренесоа откако таа се појави на твитер и тоа, ни помалку ни повеќе, на профилот на германскиот министер за надворешни работи, Валтер Штајнмајер. На крај се покажа дека информацијата била лажна, како и твитер профилот на германскиот министер зад кој всушност стоел италијанецор Томасо Де Бенедети, познат по креирање лажни профили на кои често објавувал лажни информации за смрт на познати личности.

Токму поради такви ситуации Твитер овозможува на профилите од интерес за јавноста да се стави штиклиран плав знак кој потврдува дека се работи за официјален профил. Тоа барем донекаде може да спречи грешки. Донекаде, но не во целост, бидејќи Твитер профилите најчесто не ги водат тие самите туку лица на кои тоа им е работа, а се случува и некој да ги хакира таквите профили и од нив да праќа пораки зад кои не стои таа јавна личност.

Други проблеми со кои се соочуваат ноивнарите трагајќи по информации на Твитер е тоа што тој е јавен. Колку е тоа добро – бидјеќи е полесно да се дојде до информации – толку е и лошо, бидејќи сите може да ги видат. Доколку личноста која твитува нешто што може да биде интересно за новинарите е влијателна, односно ако голем број луѓе ја следат, тогаш поголема е можноста дека некој друг веќе дошол до информацијата и ја објаил. Доколку не се проширила подалеку од Твитер, таа и понатаму може да биде од важност за медиумите бидејќи, барем така би требало, тие одат подалеку и подлабоко од почетната информација и на крајот потврдуваат или демантираат нешто што е од интерес за јавноста.

Пребарување на социјална мрежа

Неретко се случува добри информации да дојдат од лица кои не се следени од голем број луѓе, па се губат во морето од твитови кои секојдневно се објавуваат. Затоа новинарите трагајќи по покази го пребаруваат Твитер за да добијат увид во тоа што сè се напишало на темата која ги интересира.

Не постојат специјални трикови, пребарувањето на Твитер може да се користи како и пребарувањето на Google. Може да се пребарува по збор, израз, Твитер име, линкови, било што. За самото пребарување е битно да се пронајде соодветниот термин, зборот со пребарувањето на кој ќе дојдете до правите резултати наместо до куп непотребни твитови. Времето е она што му недостасува на секој новинар, па одвојувањето на соодветната од непотребната содржина би значело губење на тоа време. А можеби и самоот пребарување ќе бара повеќе зборови како одредница или употреба на зборот во некоја друга граматичка форма.

Постои и напредно пребарување кое овозможува пребарувањето да се насочи само на твитови на јазикот на средината која на новинарите им е битна за таа приказна.

Доколку некое подрачје е погодено од поплава, во напредното пребарување како локација наведете го токму тоа место или некое место во близина за да дојдете до твитови на луѓе кои се можеби погодени од поплавата и за чии искуства сакате да пишувате.

За настаните кои предизвикуваат внимание во јавноста најчесто на Твитер со пишува под некој хаштаг. Затоа, пред да тргнете во потрага по информации, проверете дали за тоа веќе се пишувало на тој начин, бидејќи тоа многу ќе ви го олесни пребарувањето.

Напредното пребарување има уште една интересна можност. Твитовите може да ги пребарувате во зависност од тоа дали во него е користен парашалник. Еве како тоа може да има практична примена.

Да речеме дека некој граѓанин поставил на Твитер прашање во врска со личен или општ проблем, на пример до организација која се бори против корупција.  Со пребарување на Твитер профилот на таа организација и ставање на прашалник во напредното пребарување доаѓате до тоа, но и до други поставени прашања. Доколку темата не се појавувала во медиумите или проблемот е решен, вие добивате можност да бидете први кои ќе пишуваат за тоа.

Како резултат на пребарувањето може да се добиваат не само твитови со информации, туку и фотографии или видео снимки. Исто така, се случува новинарите во потрага по информации да поставуваат прашања на своите Твитер профили кои подоцна оние кои ги следат ги пренесуваат понатаму или во одговорот даваат информација. Кај такви случаи секогаш е подобро, ако не веднаш, тогаш по првиот контакт, комуникацијата да се врши преку пораки, тaканаречени директни пораки (dm-direct message), за таа да остане помеѓу новинарот и оној кој ја дава информацијата.

Како резултат на пребарувањето може да се добиваат не само твитови со информации, туку и фотографии или видео снимки

На крај, покрај тоа што може да биде извор на информации, Твитер на новинарите им служи за промовирање на текстовите кои ги напишале. Центарот за истражувачко новинарство на Србија така во 2012 година објави текст за сомнителен конкурс за воспоставување на нов систем за наплата на карти во јавниот превоз. Ниту еден медиум не сакаше да го пренесе текстот (тоа го сторија дури по промената на власта), но тој стигна до поголемиот број читатели благодарение на Твитер и Фејсбук.

Во општествата во кои медиумите се под строга контрола на политичката и бизнис елитата, Твитер е еден од начините темите со кои се занимаваат новинарите, и кои се од големо јавно значење, да не останат затрупани и скриени од јавноста. Токму преку користењето на Твитер и ширењето на битни и проверени информации, новинарите можат да се изградат како личности на кои им се верува и кои со задоволство се читаат.

Владимир Костиќ

Останати
објави

Сподели на...