Украина има голема медиумска покриеност што не е случај со другите конфликти

Датум

Во споредба со другите конфликти, руската инвазија на Украина генерира покривање вести на социјалните мрежи од ѕид до ѕид што резултира со критики за западната пристрасност и расизмот.

Овде, Жанин Захариа, долгогодишна новинарка,предавач на Катедрата за комуникации, во интервју за Стендфорд Њуз разговара за разликите што ја издвојуваат војната во Украина, вклучувајќи ја запрепастувачката хуманитарна криза што се развива и можноста таа да ескалира во поголема конфронтација со НАТО што ги вовлекува САД во конфликт со нуклеарно вооружена Русија.

Жанин Захариа
Извор: Оддел за комуникации на Универзитетот Стенфорд

Захарија укажува на релативно лесниот пристап што го имаат репортерите до Украина во споредба со другите земји, зборува за важната улога што ја играат независните, локални медиуми за време на војната и ги раскажува нејзините лични искуства со опасностите од известувањето за војна.

Пред да се приклучи на Факултетот за хуманистички и науки на Стенфорд, Захарија беше шефица на редакцијата на „Вашингтон пост“ во Ерусалим и дописник на Блискиот Исток. Таа, исто така, работеше како главен дипломатски дописник за „Блумберг њуз“ во Вашингтон, патувајќи во повеќе од 40 земји со тогашниот државен секретар на САД, Кондолиза Рајс и други високи административни и воени претставници.

Голем дел од вашата новинарска кариера мина во известување за конфликти и бунтови. Дали гледате нешто особено различно за тоа како американските и западните медиуми известуваат за руската инвазија на Украина?

Кога ќе настане конфликт, меѓународните медиуми се појавуваат на терен како да се спуштени со падобран. Вниманието доминира се додека не дојде до решение или не стане јасно дека конфликтот нема брзо да заврши, а потоа медиумите во голема мера продолжуваат натаму.

Украина е приказна од огромно значење. За меѓународните новинари беше лесно да влезат во земјата на почетокот, така што имате огромен број на известувачи од терен. Оваа разлика во пристапот ми беше особено впечатлива. Новинарите лесно можеа да дојдат во позиција да известуваат за Украина, за разлика од 2012 година кога Ентони Шадид, истакнат известувач од Блискиот Исток, почина од фатален напад на астма додека се обидуваше да го заврши своето тајно патување за известување во Сирија, бидејќи на новинарите не им беа одобрени визи.

Бројот на твитови во живо од професионални меѓународни известувачи, локални медиуми и граѓански репортери кои објавуваат слики, видеа и описи на воени движења и злосторства, исто така, може да биде без преседан. Американските дописници во странство, исто така, рутински се потпираат на локалните медиуми за информации, каде да бидат и што да известуваат. Во оваа војна се истакна „Киев индипендент“ и ја илустрира важноста на поддршката од независните медиуми насекаде.

Друга разлика е напредокот на општата свест за руските дезинформации и како одговорно да се известува за нив. По изборите во САД во 2016 година, заедно со Ендру Грото од CISAC, подготвивме книга за пропагандно известување и среќна сум што гледам како се спроведуваат голем дел од нашите препораки, вклучително и редакциите кои создадоа тимови за да го потврдат потеклото на онлајн содржината.

Дали има нешто друго што се издвојува во известувањето за овој конфликт?

Следењето на вистинските новинари за надворешна политика колку време добиваат, покажува колку малку гледате сериозно меѓународно известување на домашните американски канали за вести. Светот во целина е недоволно покриен, затоа што светот е сериозна вест, а американските кабелски мрежи, особено, станаа инфозабава.

Се надевам дека со рускиот нуклеарен арсенал во состојба на готовност, развој што треба да биде од широк интерес за американската јавност, сите американски ТВ канали може барем да размислат за обновување на емисија од типот World Today која обезбедува сериозни вести што треба да ги знаете за тоа што е се случува надвор од нашите граници.

Се чини дека има повеќе покривање на инвазијата во Украина во споредба со конфликтите во другите региони низ светот. Дали мислите дека соодносот на покриеност за оваа војна е оправдан?

За жал, не постои корелација меѓу опсегот на хуманитарна катастрофа и обемот на покривање на приказна во американските медиуми. Препорачувам да ја погледнете презентацијата на CISAC од Ендрју Шавер од Универзитетот во Калифорнија, Мерцед, или да го прочитате неговиот труд кој покажа дека „фреквенцијата на известување за меѓународните прашања што ги проучуваме е скромна во однос на нејзините поврзани човечки трошоци“.

Украина добива голема покриеност во моментот, што не е случај со другите војни. Во агонија го гледав руското бомбардирање на Алепо и другите сириски градови, а тие напади не го добија третманот што го гледаме сега во Украина.

Но, јас би рекла дека оваа руска инвазија на Украина заслужува огромно покривање. Меѓународниот поредок по Втората светска војна се менува. Покрај хуманитарната катаклизма што се развива, постои голема можност таа да искрвари во конфликт со нашите сојузници во НАТО и да ги вовлече САД во конфликт со Русија која користела неконвенционално оружје во минатото и сега се заканува да користи нуклеарно оружје.

Се грижам дека всушност прерано ќе се откажеме од интензивното известување. Цело време е Украина во фокусот, но Украина постепено може да прерасне како и другите конфликти кои добиваат само епизодна покриеност.

Американските и западните медиуми, исто така, беа повикани за расна пристрасност во нивното известување. Што велите за тие обвинувања?

Дел од таквите коментари беа навистина застрашувачки. На пример, кога Чарли Д’Агата од „Си-Би-Ес њуз“ изрази изненадување што избувнале борби во „релативно цивилизиран, релативно европски“ град, тој и другите известувачи требаше да објаснат како она што се случува во Украина наликува на руските бомбардирања на цивилни цели во Алепо.

Новинари загинаа при известување за војната. Кои се некои од опасностите со кои се соочуваат новинарите во воените зони воопшто, а особено во оваа?

Да се ​​биде воен дописник отсекогаш било опасно, а понекогаш и смртоносно. Кога известував од Блискиот Исток во 90-те години од минатиот век и првата декада од овој век, пишувавме „ТВ“ на прозорците на автомобилот со лента за да спречиме напади врз нашите возила. На почетокот на 2012 година почна да станува јасно оти да се биде новинар, само по себе, повеќе не е форма на заштита. Честопати тоа беше обврска. Ова го видовме и во таргетираното убиство на Мари Колвин од Башар ал-Асад и во убиствата на американските новинари како Џејмс Фоли од ИСИС. И сега гледате како Русија пука во тим на „Скај њуз“ и фаталните истрели на руски сили врз американскиот документарист Брент Рено. Пјер Закржевски, долгогодишен воен фоторепортер кој работеше за „Фокс њуз“, и 24-годишната украинска новинарка која соработуваше со него, Олександра Кувшинова беа убиени кога нивното возило се најде под оган додека известуваа.

Дали разговарате за известувањето околу овој конфликт на вашите часови?

На воведниот курс „Известување, пишување и разбирање на вести“ што го предавав оваа зима, пред Русија да ја нападне Украина, разговаравме за приказните што можеме да ги правиме локално, како на пример како реагираа украинските и руските студенти во кампусот и што локалнмо работат Украинците за поддршка на луѓето дома. Но, главно војната ме принуди да го реструктуирам мојот наставен план за странска кореспонденција, што ја предавам во пролетниот квартал на кампусот. Голем дел од мојот фокус на Стенфорд е насочен да укажуваме на недоволно пријавени приказни од странство, за да се осигураме дека Американците се соодветно „нахранети“ со меѓународни вести за да бидат информирани граѓани.

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...