Што е медиумска писменост?

Датум

Огромно мнозинство од 84% од луѓето во САД сакаат вклучување на медиумската писменост во образовниот процес.

Неодамнешно истражување покажува дека децата на возраст од 8 до 18 години, во просек трошат по седум часа и 38 минути на забавни содржини во медиумите, надвор од училиштните активности и обврски.

Медиумската писменост во 21-от век е вештина од суштинско значење. Нашите деца 24/7 живеат во свет на моќни медиуми. Забележано е драстично зголемување на времето што децата и младите го минуваат со медиумите во последната деценија. Неодамнешно истражување покажува дека децата на возраст од 8 до 18 години, во просек трошат по седум часа и 38 минути на забавни содржини во медиумите, надвор од училиштните активности и обврски.

Ако добро се користат, медиумите можат да ги забавуваат и информираат нашите деца на позитивни начини. Меѓутоа, со оглед дека повеќето деца не се научени за смислено користење на медиумите, голем број на медиумски пораки придонесуваат за проблеми со јавното здравје, меѓу кои спаѓаат прекумерна тежина, вознемирување, малтретирање и агресија, низок стелен на самодоверба, депресија, негативна слика за телото, ризично сексуално однесување и злоупотреба на супстанции, итн. Развојот и напредокот на интернетот и на социјалните медиуми, дополнително го проширија нашиот пристап до информации, но и дезинформации.

Образованието за медиумска писменост, кое ги насочува учениците да применуваат критичко размислување за медиумските пораки, но и да ги користат медиумите за да креираат свои пораки, е клучна вештина на 21-от век. Медиумската писменост е од клучно значење за здравјето и благосостојбата на децата, како и за нивното идно учество во граѓанскиот и економскиот живот во едно демократско општество.

Наша дефиниција за медиумска писменост

Медиумската писменост е способност за:

– Декодирање на медиумски пораки, вклучувајќи ги и системите во кои постојат;

– Проценување на влијанието на тие пораки врз мислите, чувствата и однесувањата; и

– Смислено и совесно создавање на медиуми.

Зошто ни е потребно образование за медиумска писменост?

Образованието за медиумска писменост ни обезбедува алатки и вештини што се потребни за да бидеме сигурни и компетентни медиумски потрошувачи. Медиумската писменост:

– Го проширува концептот на писменост, бидејќи денешните пораки доаѓаат во многу форми и писменоста повеќе не може да се однесува само на способноста за читање и пишување.

– Нуди решение за прашањата што се поврзани со јавното здравје, како што се прашањата за сликата на телото и употребата на супстанции, кои се влошени од токсичните медиумски пораки.

– Ги овластува сите луѓе да се вклучат во глобалната медиумска средина.

Огромно мнозинство од 84% од луѓето сакаат вклучување на медиумската писменост во образовниот процес. Неодамна во САД е отпочната соработка со Media Education Lab за обезбедување на бесплатен ресурс за училиштата кои се заинтересирани за мерење на распространетоста на медиумската писменост во нивната средина.

Истражувачко партнерство за унапредување на медиумската писменост

Media Literacy Now е горд на соработката со Media Education Lab на нова истражувачка иницијатива која обезбедува бесплатен пристап до Индексот за имплементација на медиумска писменост (MLI). Тоа е потврден истражувачки инструмент што ја мери распространетоста на образованието за медиумска писменост во училиштата и во заедниците.

„Со воспоставување на податоци кои служат како основа за развој на солидна академска програма, училишните лидери можат да го мерат нивниот напредок со текот на времето“, рече Ерин МекНил, основачка и претседателка на Media Literacy Now.

„Индексот MLI им овозможува на училишните лидери на систематски начин да ја измерат вклученоста на образованието за медиумска писменост во наставната програма на основно и на средно ниво“, додава таа.

Индексот MLI беше развиен од Рене Хобс, професор од Универзитетот во Род Ајленд, и неговите колеги и веќе е адаптиран и имплементиран во училиштата за да се идентификува разбирањето на учениците и нивниот интерес за образованието за медиумска писменост. Грејси Гилиган, матурантка од Масачусетс, за еден случај соработуваше со Media Literacy Now и Media Education Lab за да го прилагоди истражувањето и да го спроведе врз повеќе од 500 ученици од 4-12 одделение. Наставниот кадар и администраторите од јавните училишта во Мајнард, Масачусетс, ги поддржаа напорите и сега се уште поцврсто посветени на образованието за медиумска писменост како резултат на согледувањата од истражувањето.

„Лидерите во училиштата и на заедницата, конечно, можат да добијат јасна слика за тоа колку студенти во нивната средина добиваат можност за учење на медиумска писменост“, рече професорката Рене Хобс и додаде дека тие податоци им даваат добра слика за силните страни на одредени наставни области, но и на оние за кои е потребно постојано подобрување.

Кога училиштата кои го користат истражувањето ќе изразат подготвеност за споделување на нивните податоци со истражувачите, тие добиваат пристап до дигитална анкета која ја олеснува задачата за собирање на податоци од учениците, но и од училиштните лидери, библиотекари, воспитувачи, родители, членови на заедницата и избрани јавни функционери.

За одреден дополнителен надомест, истражувачите ќе можат да направат анализа на податоците за идентификација на силните области, меѓутоа и на областите во кои е неопходно подобрување за да се обезбеди сеопфатен пристап при интегрирање на медиумската писменост во наставната програма. Училиштните лидери и заедницата можат да добијат и професионална поддршка од Media Literacy Now за информирање на локалната заедница за иницијативата за спроведување на медиумска писменост и да користат податоци за проценка на напредокот во спроведување на наставните програми.

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...