Што значи Facebook Live за новинарството

Датум

Секоја недела како да носи ново трагично видео постирано на Facebook Live. Тинејџерка од Флорида се самоуби во живо на интернет во Јануари. Жена во Шведска била наводно силувана додека нејзините тројца напаѓачи го емитувале нападот што го гледале на стотици луѓе. И видео од самоубиството на 12-годишно девојче беше емитувано на социјалните медиуми.

Во меѓувреме, други инциденти емитувани во живо – како што се полициска престрелка и мачење на маж од Чикаго – станаа клучни парчиња на докази и контроверзите во јавните дебати за расите и насилството. Сè на сè, минатата година бевме сведоци на 57 инциденти на насилство емитувани преку снимки во живо.

Овие настани покренуваат прашања за етиката и одговорноста на социјалните медиуми. Тие се исто така и индикатор на едно клучно поместување во медиумите: емитувањето во живо порано беше комплексен технички потфат за кој беа потребни телевизиски камери, комбиња и сателити. Денес, сеприсутноста на паметните телефони и социјалните медиуми го направија „емитувањето во живо“ едноставно како вклучување на апликација. Резултатот е нов свет на снимки во живо – кои го документираат доброто, лошото и грдото во општеството – кој нè тера да го преиспитаме начинот на кој ги гледаме визуелните информации објавени во јавност од аспект на сведоци, па дури и новинари.

Ова се неколку аспекти за тоа како услугите на емитување во живо како Facebook Live и Periscope претставуваат предизивик за новинарството денес.

1. Концептите на „емитување во живо“и сведоштво

Сликите и видеата имаат инхерентна реалност, која публиката ја асоцира со поголема автентичност. Медиумскиот филозоф Џон Дурам Питерс покажа како „емитувањето во живо„ во аудиовизуелните медиуми може да го акцентира чувството на автентичност, овозможувајќи за колективно сведоштво. Новинарите, на пример, имаат улога на сведоци на настаните, а публиката сведочи за начинот на емитување и пренесување на вестите.

Во јули 2016 година, Facebook Live го објави убиството на Филандо Кастиља од страна на полицијата. Видеото служеше како доказ и ја поттикна јавната дискусија за полициската бруталност.

Но снимката на која се гледа убиството на Кастиља покажа дека сведоштвото на настани во живо е подеднакво фасцинантно и тешко: видеата може да ја подобрат свеста на јавноста, иако во некои случаи може да содржат и сликовит, порнографски или пиратски материјал.

2. Содржина водена од визуелното

Нашето култуно миље, вклучувајќ ги и вестите и социјалните медиуми, е сè повеќе визуелно ориентирана. Вклучувањето на визуелното го зголемува вниманието на публиката, и сликите може да предизвикаат моментални емотивни реакции. Сликите полесно се помнат од зборовите и можат да поттикнат хуманитарни постапки, иако таквите придружни ефекти не траат долго. А во опкружувањето на социјалните медиуми, сликите може да предизвикаат поголема вклученост, која е често клучната цел за корисниците.

Новите организации и платформи на социјални медиуми се многу свесни за овие ефекти. Facebook, како и другите социјални провајдери, го дизајнира својот интерфејс со потенцирање на визуелното. Среде растечката актуелност на видеото – YouTube има повеќе од милијарда корисници – новинските и социјалните интернет страници ги прилагодуваат нивните формати и алатки за да капитализираат од новиот тренд, оттука и развојот на Facebook Live.

Додека Facebook на почетокот ја промовираше оваа карактеристика за професионални изработени видеа, дури плаќајќи им и на издавачите да одат во живо, социјалната мрежа сега како нападно да ги поттикнува обичните корисници и да конзумираат и креираат видеа во живо. Од Facebook велат дека видеата во живо генерираат 10 пати повеќе коментари од обичните.

3. Граѓаните како известувачи

Додека содржината на вестите е сè уште под силна доминација на медиумските организации кои ја држат контролата, атмосферата на направи-сам информации на социјалното споделување значи дека печатот ја нема нужно целата контрола. Формите на новинарство ориентирани од публиката – како што е поставување снимки од актуелни настани – не се новост, но широкораспространетата употреба на камерите на паметните телефони и објавувањето со еден допир го направи граѓанското новинарство една форма на современо новинарство која се зема речиси здраво за готово.

Сепак, како што видовме во маршот на жените и аеродромските протести против администрацијата на Трамп, денес да се протестира значи тоа и да се документира во живо – со што пораката се праќа многу подалеку од местото на протестот.

Она што е особено ново е следното: социјалните мрежи – дури и оние како Facebook кои имаат поприватна природа насочена кон пријателите и роднините – се сè повеќе платформа за креирање и споделување вести генерирани од корисниците, одминувајќи ги во целост новинските органиации. Она што е поважно е ширењето на содржината креирана од корисниците.

4. Видеата во живо ги водат вестите

Доколку добијат доволно сообрќај, Facebook Live видеата може да станат предмети на поформално покривање вести. Во ефект, самата социјална циркулација предизвикува новинските организации да го усвојат овој тренд; што, пак, води кон дополнителна социјална конверзација, како во случајот со смртта на Кастиља, чие убиство беше емитувано во живо пред очите на многумина.

Тоа не значи дека сите Facebook Live видеа водат до насловни вести; мал број тоа ќе го постигнат. Всушност, Facebook Live видеата може да креираат еден круг во кој видата од социјалните медиуми ќе водат кон мејнстрим медиумско покривање на настан или прашање, генерирајќи повисока јавна свест – што значи постои веројатност повеќе луѓе да поставуваат нови видеа во живо на темата.

5. Етика

Новинарскиот етички кодекс става акцент на барање на вистината и минимизирање на штетата. Facebook, секако, не се придржува до истите овие етички начела и, всушност, постојат многу примери на етичко застранување на овој социјален медиумски гигант. Уште поважно, обичните корисници кои креираат Facebook Live видеа не се однесуваат како новинари – ниту треба да се очекува од нив да ги имаат на ум новинарските одговорности.

Но вреди да се размисли на момент за нашите колективни одговорности како корисници на Facebook, независно дали постираме во живо или не: Какви вредности испорачуваме? Колку илјадници луѓе го гледале, реагирале и дури коментирале на самоубиството на 12-годишното девојче емитувано во живо? Дали сме навистина толку десентизирани?

Facebook нè моли да станеме воајери. И додека видеата во живо може да го збогатат човековото искуство и да ја едуцираат јавноста, тие најчести тргуваат во грдото и вулгарното. Дали, како што алудираше починатиот медиумски специјалист Нил Постман за еден друг видео медиум, „се забавуваме до смрт“ со баналното?

Завршни забелешки

Видеата во живо го поматуваат пресекот помеѓу Facebook и новинарството. Facebook има повеќе од милијарда дневни активни корисници, а 66 процени од неговите корисници ги добиваат вестите од страницата. Тоа го прави, според некои математики, најголемиот контролор на вестите во светот.

Facebook беше под остар надзор и критика, како поради мноштвото докази за цензура, така и поради неговата улога во овозожувањето на филтрирање на вестите.

Иако Facebook ја негираше својата улога како медиумска компанија, постојат индикатори дека платформата можеби ја преиспитува својата одговорност, како што е вработувањето на поранешен новинар да го води тимот за партнерства со вести и развојот на новинарскиот проект на Facebook – иако критичарите велат дека овие потези се цинички обиди за контрола на штетата.

Она што е јасно дека видеата во живо преку социјалните медиуми не принудуваат да размислиме како ги доживуваме вестите – нивната брзина, ширење и влијанието врз јавниот живот.

Извор

Останати
објави

Сподели на...