Сликни го твојот глас – „Исти“

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Од релативно неодамна сум дел од медиум, но 16 години работам и во филмскиот свет.
На самиот почеток на мојот професионален живот надминувањето на стереотипите машко-женска професија и област беше главен предизвик кој одигра голема улога во формирањето на начинот на кој работам и соработувам. Целото досегашно искуство ме има научено дека бинарноста во која живееме и функционираме, не ни оди во прилог, ниту на „едните“, ниту на „другите“. Се надевам дека еден ден ќе го постигнеме тоа ниво на свесност дека сите сме исти и еднакви.

„NJËSOJ“

Unë jam pjesë e medias relativisht kohët e fundit, por kam 16 vite që punoj në botën e filmit. Që në fillimet e jetës sime profesionale, tejkalimi i stereotipave të profesionit dhe fushës mashkull-femër ishte një sfidë e madhe që luajti një rol të madh në formësimin e mënyrës se si punoj dhe bashkëpunoj. E gjithë përvoja ime e deritanishme më ka mësuar se binarja në të cilën jetojmë dhe funksionojmë nuk funksionon në favor as të “njërit” dhe as të “tjetrit”. Shpresoj që një ditë të arrijmë atë nivel të vetëdijes se jemi të gjithë njësoj dhe të barabartë.

„THE EQUAL ONES“

I recently become part of the media, but I have been working in the film world for 16 years. At the very beginning of my professional life, overcoming the stereotypes of the male-female profession and field was a major challenge that played a major role in shaping the way I work and collaborate. All my experience so far has taught me that the binary in which we live and function, does not work in favor of either the “ones” or the “other”. I hope that one day we will reach that level of awareness that we
are all the same and equal.

Тања Рибарска, монтажерка
ВИДИ ВАКА

Авторка на фото-сторијата е Арбнора Мемети, фриленс фоторепортерка 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn