Во стратегијата на Генералниот директорат за прошитрување на ЕУ за поддршка на
слободата на медиумите и интегритет на медиумите во земјите кандидати во перидот од
2014 до 2020 година наведени се конкретни активности кои треба да бидат преземени за
исполнување на европските стандарди.
Влошувањето на економската состојба ги стави медиумите во искушение да излезат
надвор од своите редовни бизнис практики. Често, тие влегуваат и во „сивата зона“
кога се однесува на почитување на законите за данок и работнички права. Постои
ризик дека уредувачките политики и професионалната етика можат да бидат загрозени
само за да се одржи пазарната цена. Резултат на тоа е намалувањето на довербата во
традиционалните (офлајн) медиуми.
Сите вработени (вклучувајќи ги и оние со договори на определено време) кои
работат во медиумите треба да бидат обезбедени со договори за работа кои јасно ќе
покажат дека не постои простор за автоцензура кон која се прибегнува поради
лошите работнички права и заштита на новинарите. Можностите за развој на
професионалните вештини на новинарите мора да постојат особено оние кои ќе
придонесат за менување на моменталната медиумска средина. Секако, исполнувањето на
овие обврски зависи од посветеноста на сопствениците на медиуми и уредниците за
промоција на професионално и социјално одговорно новинарство. Во медиумскиот сектор,
се наведува во стратегијата, не постои солидарност во поглед на заштитата на
работничките права што доведува до се пораширена автоцензура на која се подложени
новинарите.
Во препораките на стратегијата за она што треба да се преземе меѓу другото се наведува
и:
– Зголемување на бројот на потпишани колективни договори. Број и статус на
времено вработените и слободните фриленс медиумски работници,
– Новинарите да немаат пречки при зачленувањето во здруженијата и синдикатот.
– Статутот на медиумите строго да го забранува тоа,
– Зголемување на капацитетите и репрезентативноста на медиумските здруженија и
организации,
– Сидикатот да биде признат како партнер во преговорите за колективните
договори. Голем број на медиуми кои преговараа со синдикатот во однос на
колективните договори имаа успех во постигнатиот резултат.
– Зголемување на лобистите во синдикатот и новинарските здруженија кои ќе работат
на подобрување на работничките права во медиумите
– Еднакво право на социјална заштита и за времено вработените или слободните
фриленс новинари,
– Имплементација на националните закони за работнички права и тие да бидат
пресликани во колективните договори,
– Формирање на организација на сопственици на медиуми. Нивната улога треба да
биде обезбедување на стандардите за работа,
– Зголемување во бројот на новинари во новинарскиот синдикат,
Обид за унификација или деунификација на медиумите.
Види: DG Enlargement Guidelines for EU support to media freedom and media integrity in
enlargement countries, 20142020, 2.2, 2.3, 2.2.b, 2.2.c, 4.5.ch
http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/press_corner/elargguidelinesformediafreedomandintegrit
y_210214.pdf
Марија Севриева