Сликни го твојот глас – „Безбедни? Каде?“

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

„SAFE? WHERE?“

The photo whose author is G.M. is from the intrusion in the Parliament on April 27, 2017, when the lives of the MPs and the journalists were under threat. Many of the journalists in the hall were women journalists and the attacks we experienced there, not only directly endangered our physical safety but also, received threats and insults on a sexist basis. This is only one of the scenes, one of the photos that show the conditions in which journalists work, and raise the question if they can not feel safe in Parliament, how to feel safe at a protest or any other event where they report from the field? Threats to women journalists have been particularly prevalent lately, whether they occur on the field or in a studio, and attempts at personal discrediting are common.

Сликата чиј автор е Г.М е од упадот во Собрание на 27 април 2017, кога беа доведени во прашање животите на пратениците и на новинарите. Голем дел од новинарите што беа во салата беа жени новинарки, а нападите што таму ги доживеавме не само што директно ја загрозуваа нашата физичка безбедност,  туку добивавме и закани и навреди по сексистичка основа. Ова е само едно од сцените, една од фотографиите кои укажуваат на тоа во какви услови работат новинарите, и го отвораат прашањето, ако не може да се чувствуваат безбедни во Собранието, како да се чувствуваат безбедни на протест или некој друг настан каде извесуваат од терен? Заканите за жените новинарки се особено изразени во последно време, независно дали се случуваат кога сме на терен или правиме емисија во студио, и најчесто се прават обиди за лична дискредитација.

„TË SIGURT? KU?“

Fotografia, autor i së cilës është GM është nga ndërhyrja në Kuvend më 27 prill 2017, kur u vu në pikëpyetje jeta e deputetëve dhe gazetarëve. Shumë nga gazetarët që ishin në sallë ishin gazetare femra, kurse sulmet që i përjetuam atje, jo vetëm që rrezikuan drejtpërdrejt sigurinë tonë fizike por, edhe morën edhe kërcënime dhe ofendime mbi baza seksiste. Kjo është vetëm një nga skenat, njëra nga fotografitë që tregojnë kushtet në të cilat punojnë gazetarët dhe hapin pyetjen, nëse nuk mund të ndihen të sigurt në Kuvend, si të ndjehen të sigurt në një protestë apo ndonjë ngjarje tjetër ku raportojnë nga terreni? Kërcënimet ndaj grave gazetare kanë qenë veçanërisht të përhapura kohët e fundit, qofshin ato në terren apo në studio, dhe zakonisht bëhen përpjekje për diskreditim personal.

Наташа Стојановска, новинарка
ТВ Телма

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn