Сликни го твојот глас – „Дискриминација базирана на економска и родова основа“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Пред повеќе од 20 години, кога почнав да работам, беше невообичаено да се види женско фоторепортер. На многу снимања имаше комични и наивни коментари.
Често луѓето се изненадуваа од мојата професија: „Не очекував фотографот да е женско, си замислував дека ќе дојде некој возрасен маж со голем фотоапарат, ах, да, и вие имате голем фотоапарат! Ви тежи?“

Или на терен со колега новинар знаеја да ни ги заменат улогите, па мене ми се обраќаа за изјави, а на колегата му позираа за фотографирање. Почудно им беше ако јас бев и возачот на службеното возило.

Но, не беа сите работни задачи проследени со смешни коментари.

Најлошата економска дискриминација базирана на родова основа ја доживеав исто така на почетокот на мојата кариера. Бев хонорарно ангажирана за едно снимање од забавен карактер. Се подготвив многу сериозно и изработив и повеќе од тоа што се бараше. Очекував да слушнам коментар од нарачателот за да знам што да усовршам за следното снимање. Наместо тоа, на средба на улица, без да се спомне работата, бев исплатена половина од договорената сума. Изговорот беше дека тој што ме препорачал за работата бил маж, а јас сум „само девојче“
Заклучив – не треба и не сакам да соработувам со оние кои не ги интересира професионалноста, туку полот и физичкиот изглед. Тогаш научив дека е важно однапред да се потпише договор во кој се содржани сите детали за работата.

„ECONOMIC AND GENDER DISCRIMINATION“

More than 20 years ago, when I started working, it was unusual to see a woman photojournalist. There
were comical and naive comments during numerous recordings. People were often surprised by my profession: “I did not expect the photographer to be a woman, I imagined that an adult man would come with a big camera, ah, yes, you have a big camera too! Does it weigh you down?” Or while working in the field, they would out replace me with a fellow journalist, so they would turn to me for statements, and posed for a colleague to take photos. I also experienced the worst gender-based economic discrimination at the beginning of my career. I was part-time hired for an entertaining shooting. I prepared very seriously and did more than what was required. I was expecting to hear a comment from the client so that I would know what to improve for the next shooting. Instead, at a meeting on the street, without mentioning the work, I was paid half of the agreed amount. The excuse was that the person who recommended me for the job was a man, and I was “just a girl”. I concluded – I should not and do not want to work with those who are not interested in professionalism, but in gender and physical appearance. Then I learned that it is important to sign an agreement in advance that contains all the details of the work.

„DISKRIMINIMI EKONOMIK DHE GJINOR“

Më shumë se 20 vjet më parë, kur fillova punë, ishte e pazakontë të shihje një fotoreportere femër. Në
shumë xhirime kishte komente komike dhe naive. Njerëzit shpesh habiteshin me profesionin tim: “Nuk e prisja që fotografi të ishte grua, imagjinoja që do të vinte një burrë i rritur me një aparat fotografik të madh. Eh, po, edhe ju keni një aparat të madh! A ju rëndon?”Ose në terren me një koleg gazetar, dinin t’i ngatërronin rolet tona, ndaj më drejtoheshin për deklarata, kurse kolegut i pozonin për të bërë foto. Diskriminimin më të keq ekonomik me bazë gjinore e kam përjetuar, gjithashtu, në fillim të karrierës sime. Unë isha e angazhuar me honorar për një xhirim me karakter argëtues. U përgatita shumë seriozisht dhe bëra më shumë se ç’duhej. Prisja të dëgjoja një koment nga porositësi për të ditur se çfarë të përmirësoja në xhirimin e radhës. Në vend të kësaj, në një takim në rrugë, për të mos përmendur punën, më paguan gjysmën e shumës së rënë dakord. Arsyetimi ishte se personi që më ka rekomanduar për këtë punë ishte
një burrë, dhe unë isha “vetëm një vajzë”.Erdha në përfundim – nuk duhet dhe nuk dua të bashkëpunoj me ata që nuk janë të interesuar për profesionalizmin, por gjininë dhe pamjen fizike. Më pas mësova se është e rëndësishme të nënshkruhet paraprakisht një kontratë që i përmban të gjitha detajet e punës.

Маја Јаневска-Илиева, фоторепортерка
Нова Македонија

Авторка на фото-сторијата е Фросина Насковиќ, фоторепортерка во МИА 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 

Останати
објави

Сподели на...