Facebook се впушта во новинарски води

Датум

Facebook вработува новинари

Џесика Ван Сек

Поранешната спикерка на CNN и NBC Кембел Браун е назначена за шеф на новиот оддел за новинарски партнерства на Facebook,  најголемата социјална мрежа во светот најави минатата недела. Мрежата бара и менаџер за комуникации за истиот оддел чија задача ќе биде „да го артикулира и поддржува односот на Facebook со новинарските поартнерства,“ се вели во описот на работното место.

Браун е ветеранка на телевизиски вести и истакнат промотор на реформата за образование. Сигурно дури и таа не знае што ќе вклучува нејзината работа во Facebook – на пример, дали ќе сојузува со доминантните медиуми, ќе им биде конкурент или „плен“ кој тие ќе сакаат да го освојат.

Се чини глупаво од Facebook што се обидува да измисли струја и да започне сопствена редакција. Но во суровиот склоп на околности, тоа се чини и неизбежно

Иако Facebook го опишува работното место главно како начин да се изградат мостови со продуцентите на вести, тоа може да добие многу форми. Браун може да работи зад сцената и да продава инстант вести и да преговара за емитувања во живо, или би можела, секако, самата да оди „во живо“ и да ги презентира главните вести или поинаку да ги инфилтрира вестите на Facebook.

Се чини глупаво од Facebook што се обидува да измисли струја и да започне сопствена редакција. Но во суровиот склоп на околности, тоа се чини и неизбежно. Бидејќи уште колку долго ќе може осиромашената новинарска индустрија да го збогатува Facebook за речиси ништо за возврат? И како Браун ќе ги убеди медиумските директори да продолжат да креираат содржина за платформа која живи ги јаде нивните весници и емисии?

Кабуки танцот кој Facebook го игра со вестите дополнитело со искомплицира со реакциите за лажни вести кои се протнуваа на мрежата и поттикнаа канали на погрешно информирање. Комјутеризираните напори да се потиснат овие лажни вести беа безуспешни. И ако агностичките алгоритми не можеа да ги доведат вестите во ред, можеби угледен поранешен новинар може.

Лошо чувана тајна е дека Facebook веќе им плаќа на неколку избрани новински организации како што се The New York Times, BuzzFeed и the Huffington Post да ја користат опцијата Live, која, во случај да живееете на Марс и не знаете, му дозволува на секој да емитува во реално време

Ако задачата на Браун е да поттикне добро новинарство, тоа значи дека најбогатиот и најмоќниот главен и одговорен уредник во светот е роден во 1984 година и оди на работа во блузони со качулка. Но, рака на срце, може да нè снајде и полошо од Марк Зукерберг, млад добротворец кој не мисли лошо. Тој едноставно не е вешт во ова поле, и неговото ангажирање на Браун го докажува тоа. Тоа исто така потврдува дека Facebook посериозно ќе пристапи кон дефинирањето и промовирањето на веродостојноста.

Лошо чувана тајна е дека Facebook веќе им плаќа на неколку избрани новински организации како што се The New York Times, BuzzFeed и the Huffington Post да ја користат опцијата Live, која, во случај да живееете на Марс и не знаете, му дозволува на секој да емитува во реално време. Wall Street Journal извести дека социјалната мрежа се согласила да плати околу 50 милиони долари на 140 медиумски компании и славни личности како што се шефот Гордон Ремзи и пливачот Мајкл Фелпс. На пример, BuzzFeed е најмногу платен, поточно 3.05 милиони за емитувања во живо од март 2016 до март 2017. Можеби Браун е донесена да ја поправи оваа ситуација. Но дури и тие милиони се само трошка од она што Facebook го добива од работата на тие и други организации кои не ги плаќа.

Можно е Браун да има задача да го подобри квалитетот на содржината. Ако не, набрзо ќе живееме во свет во кој луѓето попрво ќе се вклучат да гледаат видео од чоколадна фонтана на BuzzFeed отколку да го слушнат говорот на претседателот.

Како и да ја дефинира својата улога, Facebook е неизбежен. Тоа значи дека една деценија од сега, мрежата ќе ја доминираат емитувања во живо. Кога ќе ја погледнете вашата почетна страница, наместо статуси и фото албуми од последниот одмор на вашите пријатели, ќе видите живописен микс од лажни вести, вистински вести, лоши вести и тешки вести – сите во живо. Браун ќе има полни раце работа.

Останати
објави

Сподели на...