Кон зајакнување на договорите за вработување за новинар(к)ите и медиумските работници

Датум

Подобри договори – посилна заштита: Новите нацрт-договори нудат основа за фер и безбедни работни односи во медиумите, со јасни услови кои го штитат интегритетот и правата на новинар(к)ите и медиумските работници.

Договорите за вработување на новинарите и медиумските работници се основа за нивниот интегритет и социо-економска сигурност. Медиумските професионалци работат со различни договори кои се движат од авторски до договори на определено и на неопределено време. Сепак, постоењето на самиот договор без соодветна содржина која ги опфаќа спецификите на новинарската професија не е доволно за заштита на новинарите и медиумските работници.

Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во соработка со Институтот РЕСИС и експертот за работнички права Неда Чаловска, создаде драфт договори (на определено и на неопределено време) кои претставуваат пример, основа која би требало да ја почитуваат работодавачите во медиумската индустрија доколку сакаат да им овозможат на медиумските професионалци соодветни услови за работа кои обезбедуваат нивен интегритет и слобода на изразување, но ја овозможуваат и објективноста и професионалноста.

Новинарите и медиумските работници од друга страна овие договори може да ги користат при преговарање за условите за склучување на договор за работа, да ги научат своите работнички и професионални права и врз база на овие нацрт-договори да се борат за нив.

Целата анализа на состојбата со договорите за работа во медиумите можете да ја преземете со клик овде, додека нацрт-договорите се достапни за преземање подолу:

Останати
објави

Сподели на...