Мемињата како вести на инстраграм: нови начини за привлекување помлада публика

Датум

ТВ2 Остиланд со седиште во Данска, откри дека корисниците на социјалните медиуми ќе споделуваат и ќе ги означуваат своите пријатели во објави кои се едноставни, смешни и кои можат да ја пренесат приказната во една слика.

Текст на Дејвид Грин за www.journalism.co.uk

Бидејќи помладите лица се повеќе се оттргнуваат од традиционалните медиуми и се насочуваат кон социјалните медиуми, новинарските организации истражуваат нови начини да останат релевантни.

Данската локална новинска станица ТВ2 Остиланд смета дека го пронашла одговорот во мемињата.

Мемињата со години доминираат на социјалните медиуми со нивната едноставна и смешна формула, бидејќи тие се лесни за споделување и обележување на пријателите во објавите.

Дали може истото да се постигне со мемињата поврзани со вести?

Во текот на изминатата година, ТВ2 Остиланд има изработено десетици мемиња на Инстаграм на теми од создавање на нови паркинг места до зголемување на цената на автобуските билети. Тоа помогна да се ангажираат и привлечат милениумците и генерацијата З.

Зошто да се измачуваш? Луис Петерсон, шеф на информативната програма, изјави дека има голема потреба да се раскажуваат приказни на различни платформи и на различни начини за да се справат со намалувањето и стареењето на телевизиската публика.

Првично, ТВ станицата испробуваше со инфографици, но уметничкиот директор Кристина Хелмс посочи дека мемињата ќе бидат поефикасни за зајакнување на ангажманот и постигнување гледаност на објавите.

И покрај некои отпори во редакцијата и загриженоста околу статусот на авторските права на мемињата, сега, дури и новинари со долгогодишно искуство придонесуваат со своите идеи за мемиња.

Но, дали навистина може да се пренесат вестите преку мемиња? За ТВ2 Остиланд ова едноставно значи да се пренесе приказната со само една слика, додека е смешна и лесно разбирлива.

Но, не сите вести се соодветни, на пример, трагични настани. Сепак, теми за кои луѓето имаат цврсто мислење функционираат најдобро, како и теми кои се насочени кон широката публика.

„Неодамна направив меме поради големата врева од автопатите и како луѓето што живеат таму се справуваат со тоа. Но, морав да го направам за тоа колку е иритирачки сообраќајниот звук, затоа што тоа би погодило поголема публика“, објасни Хелмс.

Тимот изјави дека нивните напори резултирале со поголема активност на нивниот Инстаграм профил, особено кај помладите луѓе, охрабрувајќи ги да споделат, да коментираат и да ги тагнуваат нивните пријатели на објавите.

На крајот на краиштата, мемињата се едноставни – имаат само наслов и слика. Сепак, Хелмс предупредува дека лесно може да се добие перцепција дека мемињата се мајсторско дело.

„Ако луѓе кои не знаат за мемињата се обидат да направат едно, може да им изгледа дека ние премногу сме се труделе, затоа што тие едноставно не знаат што во моментот е модерно, а што не“, додава таа.

Наместо тоа, мемињата треба да изгледаат природно. За секој новинар кој го зема во предвид ваквиот пристап, Хелмс вели дека доброто познавање на јазикот на мемињата е клучен, во спротивно известувањето ќе пропадне.

Таа препорача дека редовната инспирација и останување на врвот на трендовите и виртуелната содржина преку прелистување на профилите на Инстаграм, како 9GAG.

„Навистина е лесно да се отиде во погрешна насока и да биде непријатно, затоа мора да го добиете вистинскиот тон на мемето и исто така да размислите какви приказни раскажувате,“ заклучи таа.

 

Легенда: Вашето панично решение кога се обидувате да најдете место за паркирање во Архус

Легенда: 2018: Жетвата во опасност по жешките бранови. 2019: Жетвата во опасност по огромните дождови. Фармерите во моментов…

 

 

 

Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.

Останати
објави

Сподели на...