Новинарството е поразено и јас сум дел од тој пораз

Датум

Не сакам, не можам, не ми дозволуваат моите човечки и професионални скрупули, моето севкупно животно и новинарско искуство, да бидам дел од овој актуелен македонскиот новинарски отпечаток. По четириесет години новинарска работа, новинарска борба, новинарска посветеност, новинарски ентузијазам, новинарски идеализам, не можам да си дозволам да бидам дел од сегашнава македонска новинарска историја.

Вулгараната дневна политика го купи, го присвои, го окупира целиот македонски медиумски и новинарски простор. Го промовираше во картелска пропагандна машинерија, ги обесправи и ги понижи новинарите и ги вјарми во алатки за бесрамни манипулациии. Во плурална Македонија новинарството ја загуби смислата. Тоа стана егзекутива на политиката управувана од владејачкиот партиски пропаганден центар.

Од тие причини, на Денот на македонското новинарство, со извинување и нужна почит спрема подржувачите, предлагачите и жиријата, се откажувам и ги враќам сите мои новинарски награди – трите државни „М.Х. Јасмин“, двете „К.П. Мисирков“ за најдобар новинар на годината, наградата за „Животно деело“ во новинарството и сите други многубројни новинарски награди и признанија.
Новинарството во Република Македонија е поразено и јас ум дел од тој пораз. На македонското новинарство му треба револуција и нов почеток. Верувам во тоа и во таа насока ги поттикнувам младите новинарски генерации.

Зоран Иванов
Скопје, февруари 2013

Останати
објави

Сподели на...