• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

НОВИНАРСКИТЕ ПЛАТИ ВО ЗАКОНСКА РАМКА

  Над 40 професионалци од разни медиуми ги договорија и ги ставија на хартија предлозите за надминување на проблемите во работењето Работните права и обврски на македонските новинари и на другите вработени во медиумите, вклучувајќи го и менаџментот и хонорарците, првпат ќе бидат ставени во законска рамка. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ССНМ, околу шест месеци…

Повеќе

Слободата и независноста на медиумите ќе станат реални категории

Дали по се’ што им се случи на медиумите и на новинарите во Македонија (затворањето на А1 телевизија, затворот за Томислав Кежаровски за напишан текст, претворањето на јавниот сервис МРТВ во пропагандистички медиум во служба на власта, откази и намалувања плати во повеќе приватни медиуми), стана појасно дека апстрактните поими како слобода и независност, можат да се реализираат…

Повеќе

Жени новинари

Да се биде новинарка во Македонија богами не е наједноставната работа на светот. Исто како што не е наједноставната работа и на други места во светот. Едноставно, никогаш нема да сте доволно домаќинка, доволно мајка, доволно сопруга, доволно девојка, доволно ќерка и на крајот, никогаш нема да сте доволно новинарка. Во професијата ќе ви забележат ако сте премногу женствена,…

Повеќе

Како да се препознае и како да се реагира на мобинг

Истражувањето на ССНМ покажува дека мобингот е треторангиран начин за притисок врз новинарите и медиумските работници, веднаш зад економско социјалните притисоци (плата, отказ) и цензурата. Но што е мобинг? Дали секоја непријатна и неквалитетна комуникација со претпоставените  е мобинг? За тоа како да се препознае и што треба да знае секоја жртва на мобинг  разговаравме со магистер Маја Ристова, правен…

Повеќе

Манипулации при исплатата на К-15

По исплатата на регресот за годишен одмор или К-15, се чини оти се задоволни сите, освен работниците, за кои нели и беше наменет. Дел од нив сведочат дека биле принудени од работодавците да им ги вратат парите ако сакаат да го задржат работното место. Или, како што вели народната, и волкот сит и овците на број! Валентина СТОЈАНЧЕВСКА Кога…

Повеќе

Новите законски измени за хонорарците – социјална мерка или популистички маневар?

Многу често во македонската јавност се случува неосновано репродуцирање на еден став, а тоа е дека последната владеачка гарнитура, која ја води државата во последните осум и пол години е претежно социјално ориентирана, дека презема крупни социјални мерки, дека иако е десна и конзервативна се служи често со левичарски мерки во корист на најсиромашните. Имено, последната мерка која предвидува…

Повеќе

ДОПИСНИЦИ: Дискриминирани во секој поглед

Без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, дописниците од внатрешноста се „новинари од втор ред“ во македонските медиуми Илчо Цветановски Без потребната опрема за непречено извршување на работните обврски, речиси двојно помалку платени, споредено со новинарите во редакциите, седум дена во неделата на работа и без регулиран работен стаж.

Повеќе

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ниските гранки на македонското новинарство

Истражување на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и агенцијата „М – проспект“ за работничките и професионалните права на новинарите во Македонија Цензура, мобинг, несигурна работа, откази, низок економско-социјален статус – сето тоа е секојдневието на вработените во медиумите потврдува истражувањето што, за потребите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, го направи агенцијата „М – проспект“ од…

Повеќе

Законот за медиуми не ги адресира вистинските прашања

Дебатата за медиумските закони, што од самиот старт е изместена, често се фокусира на бесмислени и лажни тези. Мора да се каже дека кога се говори за европска директива за аудиовизуелни услуги се мисли на синхронизирање на домашното со европско законодавство. Директивата се однесува на земји кои сакаат во ЕУ и навистина е срамота новинари кои по дефиниција треба да…

Повеќе
Scroll Up