Работното време и работното оптоварување на новинарите и медиумските работници

Датум

Во оваа анализа се разгледуваат предизвиците, правните и други механизми за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници од аспект на работното време и работното оптоварување, а на крајот дава и препораки за понатамошни активности во таа насока.

Врз основа на истражувањето и анализите спроведени во 2023 година од страна на ССНМ и РЕСИС, токму стресот на работното место, нејасната определеност на работните ангажмани, непредвидливоста на работното време преку неизвесноста на т.н. „работа на повик“ или од дома во неработни денови – се главните проблеми со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници. Овие наоди ја наметнаа потребата да се посвети особено внимание на проблемот на работното време и работното оптоварување на новинарите и медиумските работници при изработката на Стратегијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Токму неодреденото работно време доведува и до работно преоптеретување, проблеми со кои сѐ повеќе се соочуваат новинарите и медиумските работници. Овој проблем бара посебен третман за справување со последиците кои ги предизвикува кај медиумските професионалци, а како прв чекор кон тоа е дефинирањето на проблемот, причините како и можните решенија.

ССНМ, во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“ спроведуван во партнерство со Институтот РЕСИС и поддршка од Европската Унија, изработи пет-годишна стратегија за активностите и работата на синдикатот. Како еден од главните проблеми кои притоа беа детектирани беше и работното преоптеретување. Како прилог кон стратегијата претставува и анализата на Зоран Василевски со наслов РАБОТНОТО ВРЕМЕ И РАБОТНОТО ОПТОВАРУВАЊЕ НА НОВИНАРИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ (АНАЛИЗА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЗАКОНСКОТО РЕГУЛИРАЊЕ И СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ).

Во оваа анализа се разгледуваат предизвиците, правните и други механизми за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници од аспект на работното време и работното оптоварување, а на крајот дава и препораки за понатамошни активности во таа насока.

Целата анализа можете да ја прочитате со клик овде.

Оваа анализа е изработена за потребите на проектот „Работнички права за независно новинарство“, што заеднички го имплементираат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС, со финансиска поддршка од ЕУ.

Останати
објави