Што ли остана од професијата?

Датум

Што е новинарство денес?
Нели и новинарите, сепак, се само живи луѓе кои иако пишуваат за туѓите судбини, имаат и своја. И нели се преживува само со пари.Или со многу пари. А, пак, кога  вреднуваш со пари, тогаш нема множење со факти. Е тука веќе станува нејасно: зошто тогаш се срамат од сопствената судбина на обични измеќари,  слуги, викачи, навивачи и плукачи на туѓи ставови.  Демек се тоа можат да го оправдаат со името на професијата

Тие знаат, тие се 7- та сила! А, што беше тоа сила? Она со скршена кичма, неплатени сметки, евтина гардероба , храна на почек, кирија, радости за гага коктел ,фејсбук мастурбации и патување со владини министри?!  Колку сето тоа се поколопува или може да се спакува зад професијата новинар.

Еве НЕ денес, туку вчера, на пример? Или ако сакате, денес ама не тука, таму надвор на пример?
Знаете како се станува наркоман зависник: ти даваат на почеток на грамови. Па, сите сте пишувале по некоја сторија за тоа, се разбира за другите социјалци. Ајде сега обидете се за новинари социјалци. Пријавени на еден месец/два/три? Да, на определено време. Економски целосно зависни од газдата. Каде е тука слободата? А, уште ако си хонорарец? За кого ќе играш? Ха ха ха, кој ќе плати, знам, ама каде е тука и професионалноста? Ќе бидеш ли праведен или обичен наркоман, зависник од наредбите. Само за да добиеш продолжување на работниот договор за уште нови 3 до 6 месеци. За да добиеш плата и тоа цела плата до 20ти, ама за минатиот месец.
Да речеме, дека ти имаш став? Тогаш колку е атрактивна новинарската професија? Неспорно, има луѓе кои направија пари ама тие новинарството го гледаат како класичен бизнис, и тоа со рекет и реклами, а не како работа во интерес на вистината и на граѓаните,  на информирањето со правила и стандарди, а сето во име на општо добро. Но, и денешното (не)информирање не е надвор од правила. Се читаат, строго, нарачаните штабски  текстови, нема прашања надвор од темата, потпрашања никако, се дефокусира, спинува и вниманието на јавноста е во нивната, а не во твојата вистинска приказна. Ти би прашал зошто законот за бранители излезе по парадата во Слупчане, ако не се случеше тоа ќе го немаше ли? Би прашал ако е армија, а претседателот врховен командант, како не казни никого? Или повторно сме држава на разумен компромис. Ако е толку страшно поклонувањето на Бесими, тогаш не ли исто толку седењето во иста влада со Ахмети. Па, нели судирот на Кале беше доволна поука дека македонци почнаа ЦРКВА ноќе, дење се тепаа, Грујо апсеше, а Ахмети ги ослободуваше. И се тоа има логика на два премиера во иста држава, и Албанец и Македонец. Зошто не економија и судир на стратеигии за излез од кризи, туку евтин патриотизам и повторно етничко несогласување. Дали дека за другото сме неписмени,  а се дразниме само на маалски и малограѓански кавги -ти мене, е сеа види ја тебе!
И потоа речи (си) Јас сум новинар! Јас мислам  и прашувам!? А ти воопшто имаш свое мислење!? Ма кому му е гајле за твоето мислење, ниту на  продавачот на јајца на пазар не му е битно. И кога тој ти вели: „Комшија, купи си јајца, тазе се.“, се мислиш дали те дупчи или навистина му се тазе и крупни.
Ти си новинар, ти си Македонија, имаш екслузива која е битна за државата, за народот, и ?  Еве на пример има отровна пченица или некаква бљак храна, изигран пототрошувач, високи цени за парно , струја, бензин…  ма дај, кого го дразни се тоа? Опозиционерски финти!  Кој сака да чита, сите сакаат да гледаат, по можност колку повеќе голотија и беда на туѓиот грчки двор, толку подобро. Твојата ексклузива не е битна затоа  што некој друг знае за тебе што е битно, а ти не си ја земал дневата доза на мeјл или по смс. Народот го научивме на селски интриги, меѓусебни навреди, турски серии,  сељачаана и голи цицки. Ох, да, и голи споменици. Бранко е секогаш крив, Грујо е секогаш патриот, а албанците се сметале кои се дежурни виновници за се останато, исто колку и светската криза поради која никако не можеме напред!
Новинари, луѓе зависници од приказни ама спакувани во центрите на моќ, трасмитери и плукачи на се што има повисок стандард од вождот, од неговиот гласноговорник, од тебе.
Ни треба нов поредок. Оваа демократија е посурова од тоа како е дефинирана и запишана. Маргинални се дневните приказни за рекла-казала. Победува злото, а ние се бавиме со конференции за истражувачко новинарство во држава каде се забранети прашања на прес конференции и се фингираат и глумат пратенички прашања во име на народот. Новинарите стануваат многубројна војска од зависници која гази се пред себе во име на присутност, на гола егзистенција, која ислкучокот го направи правило-закон, (НЕ) ред, Македонија денес. А утре?
Драган Антоновски

Останати
објави

Сподели на...