Референтен број: BTD-FY2021-1485- SSNM – 004
Наслов на проектот: „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia)
Лот: 3.6.3 – Едукативни визуелни пораки (Educational visuals (A2.3))
Во рамките на проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објавуваат повик за изработка на три пакети визуелни пораки наменети за онлајн кампања на тема „Работничките права – предуслов за професионално новинарство“ преку кои ќе бидат претставени најчесто прекршуваните права на новинарите и медиумските работници во Македонија, законските права кои им следуваат, како да се борат за нив – преку солидарност и синдикализам и важноста на социо-економската сигурност на новинарите и медиумските работници за квалитетниот новинарски производ и работењето без самоцензура.
Цел на повикот
Цел на повикот за понуди е набавка на услуга за изработка на три визуелни пораки (пакет од фото порака и видео порака до 30 секунди) во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници преку кои ќе се допре не само до медиумските работници, сопствениците на медиумите, надлежните институции, туку и до пошироката јавност, со што ќе се отвори дебата по овие прашања, но и ќе се зголеми свесноста и активизмот за заштита и барања на правата од работен однос кои им следуваат на новинарите и медиумските работници.
Понудата треба да вклучува:
- Изработка на три визуелни пакети составени од по две фото-пораки и едно видео со пораки во траење од најмногу 30 секунди на горенаведената тема. Видео пораките може да бидат снимен материјал или фотографии и да има соодветна музичка подлога. Испишаните пораки треба да бидат на македонски, албански и англиски јазик.
Визуелните пораки ќе бидат промовирани преку интернет каналите за комуникација на ССНМ и ЗНМ.
Едукативните визуелни пораки ќе бидат достапни за објавување во онлајн медиумите, како и на социјалните медиуми на партнерски организации, а ќе бидат презентирани и на завршна изложба.
Кој може да аплицира на повикот?
Давател на услугата што е предмет на оваа набавка може да биде правно лице или конзорциум на правни лица
Потребни квалификации
Успешните кандидати треба да имаат:
- Докажано портфолио од претходно искуство за изработка на видео продукти, снимање и монтажа на фонетска нарација и поднаслови,
- Високо ниво на професионалност и почитување на добри деловни практики и испорака во ситуации на притисок за кратки рокови.
Потребна документација
Понудата треба да ги содржи следниве прилози:
- Финансиска понуда
- Изјава
- Портфолио / референци за понудувачот
- Тековна состојба од Централниот регистар на Македонија
- Кратко резиме (не повеќе за 100 зборови) за предлог-сценарија за секој од едукативните визуелни пакети.
Начин и рок на аплицирање
Техничките услови за повикот и прилозите (образец за финансиска понуда / образец за изјава) кон понудата се достапни тука.
Комплетните понуди заинтересираните понудувачи треба да ги испратат на contact@ssnm.org.mk.
Рокот за аплицирање е до 6 февруари 2022, до 24ч ЦЕВ.