Повик за учество на обука за „Visual storytelling“

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на тренинг за новинари и медиумски работници на тема „Дигитални алатки за подобрување на визуелното раскажување стории“

На дводневниот тренинг кој ќе се одржи на 29 и 30 октомври во хотел Градче, Кочани, право на учество имаат новинар(к)и медиумски работници, без разлика во каков вид на медиум работат.

Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на визуелно раскажување на стории, напредно снимање видео и продукција, преноси во живо и мултимедијално раскажување со мобилен уред.

Обуката ќе опфати теми и за комбинирање на различни извори во мултимедијална приказна и основи за open source пребарување за истражувачки новинари.

Рокот за пријавување е до 25 октомври 2022 година, а секој заинтересиран треба само да испрати кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com

Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторoт.

За дополнителни информации во врска со тренингот, можете да не контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com или на телефонскиот број 077/497-309.

Обуката е дел од проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021.

Останати
објави

Сподели на...