Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на тренинг за новинари и медиумски работници на тема „ Кои се моите работнички права?“
На дводневниот тренинг кој ќе се одржи на 17 и 18 декември во Хотел Бања Косоврасти во Дебар, право на учество имаат новинар(к)и медиумски работници од целата земја, без разлика на возраст и во каков тип на медиум работат.
Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на работни односи и работнички права, кога и како да побараат правна помош, како се пишува приговор итн.
Обуката ќе опфати теми и за што предвидува „Законот за работни односи“ Одбрана на правата на новинарите во променливи работни односи и услови и заштита на ранливите медиумски работници – млади новинар(к)и и хонорарци.
Рокот за пријавување е до 14 декември 2022 година, а секој(а) заинтересиран треба само да испрати кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com
Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторoт.
За дополнителни информации во врска со тренингот, можете да не контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, а поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме.Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.