Академијата на Европската радиoдифузна унија (EBU Academy) во соработка со новинари и уредници во Македонија Ве повикува да се пријавите на бесплатниот тренинг: „Истражувачко новинарство во дигиталното време: Најди, истражи, раскажи!“
Датум: 26-27 февруари
Каде: Работилницата ќе се одржи преку платформата Зум. Потребни ви се само компјутер и интернет.
Кој може да се пријави:
- Новинари и новинарки
- Студенти по новинарство
Рок за пријавување: 23 февруари
За да се пријавите, треба само да го пополните формуларот достапен на овој линк.
По завршувањето на тренингот на учесниците ќе им бидат доделени сертификати од Академијата на Европската радиoдифузна унија (EBU Academy).
Тренери:
Тамара Чаудисис (БИРН Македонија)
Ана Петрушева (БИРН Македонија)
Дарко Дуридански (ССНМ)
Александар Манасиев (ТРТ Балканс)
Знаење и вештини со кои ќе се стекнете:
- Основи на истражувачко новинарство
- Истражувачкиот процес, Извори и документи – собирање и проверка на податоци
- Идентификување извори и како до нив во новинарските истражувања.
- Техники на интервјуирање
- Алатки за слободен пристап до информации, како да се користи законот за слободен пристап до информации во новинарските истражувања.
- Дигитално раскажување новинарски приказни и употреба на мобилниот телефон како алатка за истражувачко новинарство
За дополнителни прашања пишете на darkoduridanski@gmail.com или aleksandarmanasiev@gmail.com
Детална агенда на примените кандидати ќе им биде испратена по електронска пошта на 25 февруари.