Конкурс за новинарски анализи

Датум

 

analizi

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници распишува конкурс за новинарски „анализи на случај“, што ќе бидат презентација на појавите поврзани со професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници како дел од проектот „Јакнење на работните права во медиумите“.

Анализата треба да се потпира на конкретен случај или случаи со интервју и фактографија како и законската регулатива. Трудот не треба да биде поголем од 3.000 зборови, односно 20.000 знаци.

Трудовите ќе бидат објавени во публикацијата „БЕЛА КНИГА“ која ќе биде презентирана на завршната меѓународна конференцијата  што ќе се одржи во Скопје.

Сите заинтересирани можат да аплицираат со пополнување на формулар за апликација  кој можете да симнете ТУКА заедно со подетални информации за критериумите за апликација. Пополнетиот формулар треба да се испрати најдоцна до 12 декември на адреса konkurs@ssnm.org.mk

Конкурсот е отворен за сите новинари, а избраните апликанти ќе мораат да ги достават своите текстови најдоцна до 15 јануари 2014 година.

Останати
објави

Сподели на...