Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“ дел од проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансиски поддржан од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и партнерските организации, Иницијативата за европска перспектива – ИЕП, и Европската федерација на новинари – ЕФН, предвидува онлајн промотивна кампања за подигање на свеста за важноста од почитување на правата на новинарките.
За таа цел се распишува овој јавен повик за доставување на понуди од страна на правно лице или физичко лице за изработка на онлајн промотивна кампања за подигање на свеста за важноста од почитување на правата на новинарките.
Информации за повикот
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повикот е отворен за правни и физички лица (самостојно или конзорциум / тим од двајца надворешни соработници/експерти).
Потребни документи
- Професионална биографија или кратко портфолио за правни лица
- Тековна состојба (за правни лица)
- Изјава (Анекс 1)
- Финансиска понуда (Анекс 2)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните на барање за понуда од ССНМ треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, доказ за резидентност за физичко лице, (тековна состојба за правни лица) и пополнети Анекс 1 и Анекс 2) преку електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или лично во канцеларијата на ССНМ на адреса бул. Климент Охридски бр. 58б, со назнака „Апликација за работилница Т-АЈМ -0307-023/1-2024-001“.
Крајниот рок за одговор на барањето е 14.11.2024 (четврток).
Референтен број: Т-АЈМ -0307-023/1-2024-001. Наслов на проектот: „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“. Лот: 3.3 Онлајн кампања А.3.
Повеќе информации во документот за техничките услови за повикот кој можете да го преземете со клик овде.