Повик за експерт за документ за политики

Датум

Бараме експерт за изработка на документ за политики за состојбите со правата и безбедноста на жените вработени во медиумите со акцент на новинарките

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“ дел од проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансиски поддржан од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и партнерските организации, Иницијативата за европска перспектива – ИЕП, и Европската федерација на новинари – ЕФН, предвидува изработка на документ за политики за состојбите со правата и безбедноста на жените вработени во медиумите со акцент на новинарките.

За таа цел се распишува овој јавен повик за доставување на понуди за експерт, кој ќе има задача да подготви соодветна анализа според договореното со ССНМ и според податоците собрани од неколку истражувања во текот на 2023 и 2024 година.

Информации за повикот

Постапка: Отворен повик

Тип на договор: Договор за набавка на услуги

Повикот е отворен за физички лица (самостојно или конзорциум / тим од двајца надворешни соработници/експерти).

Потребни документи

  • Професионална биографија, со најмалку три референци;
  • Изјава (Анекс 1);
  • Финансиска понуда (Анекс 2);
  • Предлог за структура на документот за политики;
  • Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош).

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните на барање за понуда од ССНМ треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, доказ за резидентност за физичко лице, предлог за структура на документот за политики и пополнети Анекс 1 и Анекс 2) преку електронска пошта на ssnm.info@gmail.com или лично во канцеларијата на ССНМ на адреса бул. „Климент Охридски“ бр. 58б, со назнака „Апликација за работилница Т-АЈМ -0307-023/1-2024-001“.

Крајниот рок за одговор на барањето е 14.11.2024 (четврток).

Референтен број: Т-АЈМ -0307-023/1-2024-001. Наслов на проектот: „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“. Лот: 3.2 Документ за политики A.2. (ангажман на експерт).

Повеќе информации во документот за техничките услови за повикот кој можете да го преземете со клик овде.

Останати
објави

Сподели на...