Повик за графички дизајн на материјали за видливост

Датум

Бараме графички дизајнер за подготовка на материјали за видливост за онлајн кампања - инфографици, кратки видеа, онлајн аналитички објави

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“ спроведуван во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија отвора повик за дизајнирање на материјали за видливост на проектот и резултатите кои произлегуваат од активностите. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите во техничката спецификација може да се пријават на електронската пошта ssnm.info@gmail.com или лично во канцеларијата на ССНМ до 25 ноември 2024 година. Повеќе информации за повикот и за условите може да се најдат во продолжение на овој текст, како и на линковите подолу.

Дизајн и производство на материјали за видливост

Еден од најважните чекори во заштитата на работните и професионалните права на новинарите и медиумските работници е да се поттикнат новинарите и медиумските работници да ги знаат нивните права, да ја подигнат свеста во заедницата, но и кај пошироката јавност и сите други засегнати страни во врска со значењето на медиумите во едно демократско општество.

Општа цел на задачата

Дизајн на материјали за видливост за комуникација на најважните елементи на проектот насочена кон корисниците (првенствено синдикално здружени и несиндикализирани новинари и медиумски работници), квалификувана јавност и општата публика во земјата. За онлајн комуникација треба да се подготват производи како што се инфографици, кратки видеа, онлајн аналитички објави.

  • Избор на важни и пораки од проектните активности
  • Избор на најдобри алатки за дизајнирање на материјалите
  • Избор на најдобри средства за дисеминација
  • Ширење на подготвените материјали во онлајн просторот

Во зависност од проблемот/темата што се обработува, дизајнерот може да ги измени насловите и содржината на овие точки. Покрај анализите и истражувачките студии на ССНМ и РЕСИС, дизајнерот треба да наведе и други документи/пораки/пресвртници кои се дел од проектот.

Annex I ToR 5.8.1 Design and production of visibility materials
Annex II Declaration Letter 5.8.1 Design and production of visibility materials
Annex III Financial Оffer 5.8.1 Design and production of visibility materials
Annex IV Evaluation Grid 5.8.1 Design and production of visibility materials

Кандидатите, исто така, треба да достават кратка професионална биографија (CV), односно портфолио.

Останати
објави

Сподели на...