LOTCO -Јакнење на ССНМ со помош на МФН и ЗНМ

Меѓународната федерација на новинарите по апликација поднесена  2010  одобри проект за ЗНМ  за формирање на Синдикат на новинарите во Македонија. Со оглед на тоа што  ССНМ веќе е формиран Здружението на новинарите во консултација со МФН и со нивно одобрение реши средствата од тој проект да бидат ставени на располагање на Синдикатот. Станува збор за помош во изработка на  веб страна, тренинг на новинари и пропаганден матерјал на ССНМ. Проектот ќе го спроведува проект координаторот на ЗНМ и треба да стартува во јуни.