Проекти на ССНМ

БТД – Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија

Проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) е 15-ет месечен проект финансиран од Balkan Trust for Democracy во програмата за слобода на медиуми.

Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Главната цел на овој проект е да се придонесе кон создавање на околина за суштинска партиципација на медиумските здруженија и синдикат како влијателни актери во општеството во поглед на напредокот на слободата на новинарите и нивната безбедност.

Специфичните цели на проектот е застапување и кревање на свесноста за потребата од подобрување на безбедноста и социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници со фокус на родовата еднаквост, како предуслови за слободни и независни медиуми и демократски развој на општеството.

BTD – Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia

Despite somewhat improvement has been acknowledged in the recent years, the media landscape in N. Macedonia continues to be polarized along political lines, with many media with ties of political or business nature. Journalists and media workers have experienced the ease of the working environment concerning freedom of expression and freedom of the press, but these improvements have been far from the desired level for a functioning democracy.
In line with the ambition to strengthening the position of media associations (AJM) and media trade unions (SSNM) as influential actors in the society for advancement of media freedom and journalist’s safety, project’s specific objectives are to advocate for and raise awareness of the necessity for improving the safety and socio-economic environment for journalists and media workers, with a focus on gender specific issues, as a precondition for free and independent media and democratic development of the society.

The project “Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia”, implemented by the Association of Journalists of Macedonia (AJM), in partnership with the Independent Trade Union of Journalists of Macedonia (SSNM), is funded by the Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States, and the Royal Norwegian Embassy in Belgrade.

The project duration is 15 months (15.02.2021-15.05.2022).

УНЕСКО – Безбедни новинари во кризни ситуации

Проектот „Безбедни новинари во кризни ситуации“ (Кeeping Journalists Safe in Situation of Crisis) е едногодишен проект финансиран од програмата на УНЕСКО – “Global Media Defence Fund”.

Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Активностите на овој проект се насочени кон овозможување побезбедни услови за работа на новинарите, отворање на специфични теми преку анализи поврзани со безбедноста на новинарите и нивната секојдневна работа под закани и/или напади, воспоставување на одржлив систем за мониторирање на нападите врз медиумските работници, како и овозможување на правна помош и заштита за новинарите и медиумските работници при различните типови на напади.

UNESCO

In the last decade, RN. Macedonia has witnessed higher number of attacks against journalists, from verbal attacks, insults, online harassment to physical attacks. This created an atmosphere of fear and self-censorship. Huge percent of the attacks ended with impunity, with only two cases in the recent years ending with sanctions for the perpetrators. Despite the fact that in the last years the physical attacks have a tendency of decreasing, there is still a huge number of cases of online harassment, attacks, intimidations, threats…

In response to these challenges, the project aims to draw the attention of the public and relevant national authorities about the cases of threats and/or attacks against journalists in North Macedonia, with the overarching goal of enhancing their safety, contributing to the fight against impunity, and deterring attacks against media professionals.
In addition, the project also envisages activities designed to ensuring the access to rapid legal assistance to threatened or attacked journalists, with the goal of supporting their legal defence and upholding their human and professional rights.

The project “Keeping Journalists Safe in Situations of Crisis”, implemented by the Association of Journalists of Macedonia (AJM), in partnership with the Independent Trade Union of Journalists of Macedonia (SSNM), is funded by the UNESCO through the Global Media Defence Fund, a UNESCO Multi-Partner Trust Fund, developed with the goal of enhancing media protection and improving the access of journalists to specialised legal assistance.

The project duration is 12 months (15.03.2021-15.03.2022).

Проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ е во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари. Целта е поддршка за кампањата за вработување е дел од програмата на IFJ „Union to Union“ програмата, но и во насока на дијалог со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за процесот на спроведување, мониторинг, евалуација и известување.

ССНМ за активностите во рамки на проектот ќе изготви привремени и конечни извештаи со резиме на одржаните дебати, резолуции и заклучоци.

Период за имплементација на проектот е 15 мај – 15 декември 2021 година.

 

„Професионално новинарство како јавно добро“ е проект кој ССНМ го доби како партнер на Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ поддржан од Европската Унија.
Делот од овој проект за чија имплементација е задолжен ССНМ ќе се фокусира на промовирање на медиумската писменост кај медиумските професионалци, односно подобрување на социо-економската состојба како предуслов за професионално известување. За промовирање на овие принципи како и подобрување на разбирањето на важноста на медиумската писменост и на работничките и други права на новинарите, ССНМ во рамките на овој проект ќе одржи повеќе средби со менаџери на медиуми и медиумски професионалци, ќе издава електронска публикација во која ќе се обработуваат разни теми поврзани со медиумската писменост и правата на новинарите, ќе организира обуки за млади новинари, а предвидено е и доделување на награда за медиум кој ќе покаже најдобри практики во односот кон вработените и кон јавниот интерес.

Период за имплементација јануари 2018 – декември 2020.

Јакнење на синдикализмот во медиумската индустрија. Проектот има за цел да обезбеди ефикасна правна и колективна заштита на новинарите и медиумските работници, да едуцира и да го засили активизмот во одбрана на професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници и да го зајакнат присуството на прашањето за работните и професионални права во медиумската индустрија како предуслов за професионално новинарство со интегритет во јавниот дискурс. Активностите се поддржани од Еврoпската Унија, преку проектот „РеФорМедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана.

Период за имплементација октомври 2016 година – октомври 2017 година

 Зад насловите е проект што ССНМ го доби како субгрантист на ЗНМ во рамките на проектот „Новинарска мрежа за независни медиуми во Македонија“ поддршан од ЕУ. Во фокусот на проектот на ССНМ е создавање на медиумски содржини за теми поврзани со новинарите и медиумите, наметнување во јавниот дискурс на важноста на слободата на изразување, но и на почитувањето на професионалните стандарди.
Со овој проект практично јавноста ќе има можност да стекне вистинска, реална слика и сведоштво кое стои зад насловите и штурите информации за отпуштања, затворања на медиуми, или декларативните повици за слобода на професијата.
Преку аналитички текстови и дебати што ќе ги следат на теми кои се од витално значење за професијата ќе се даде можност за јакнење на новинарската солидарност но и за размена на мислења и подобрување на дијалогот меѓу самите новинари од една и јавноста од друга страна.

Capture v12„Мрежа 23“ е проект за создавање мрежа на граѓански организации за следење, евалуација и застапување на политиките во рамките на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ, правосудтво и темелни права.
Проектот „Мрежа 23“ е реализиран со поддршка на  Делегацијата на ЕУ – ИПА, во имплементација на Институтот за европска политика (ЕПИ).
Период на имплементирање 2014-та година. 
ПроектотДрафтирање на колективен договор за медиумската индустрија“, имаше за  цел да иницира дискусија и да ја постави на јавната агенда темата за потребата од колективно преговарање и Колективен договор за медиумската индустрија. Тој резултираше со нацрт – Колективен договор во чија што изработка учествуваа голем број новинари и медиумски работници.
Период на имплементирање 2015 година.

 

Проектот „Работнички права на медиумските работници“ резултираше со Стратегија за коминикација, зголемување на видливоста на ССНМ и преку тренинзи и средби,

создаде мрежа на обучени активисти и синдикални претставници кои лобираат за подобрување на професионалните стандарди за работа на новинарите и медиумските работници.

Период на имплементирање -2015 година.

 

„Прекарна работа во медиумите“ е студија иницирана од несигурната, непостојана, незаштитена и слабо платена работа на која се изложени новинарите. Анализата е спроведена во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Проектот „Прекарна работа во медиумите“ е реализиран со поддршка на Фондацијата Роза Луксембург (RLS)
Период на имплементирање 2014-та година.

 

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) во текот на своето неколку годишно постоење изработи повеќе проекти во функција на зајакнување на своите институционални капацитети, лобирање , едуцирање на своето членство и анализирање на актуелните состојби со работничките права на новинарите и медиумските работници. Како позначајни во последните години ги издвојуваме следните проекти:
logo 
LO-TCO е проект финансиран од Меѓународната федерација на новинари (IFJ). Неговата цел е да  го зајакне капацитетот во спроведувањето на работните активности и целите на организацијата.
Проектот „LO-TCO“ е реализиран со поддршка на Меѓународната федерација на новинари (IFJ).
Период на имплементирање 2012, 2013, 2014-та година.

 

Во рамките на проектот„Солидарност за слобода“ спроведени се активности со цел подигање на солидарната свест кај новинарите, како и подобрувањето на имиџот на новинарството и новинарите во јавноста. Формиран е и Солидарен фонд за финансиска помош на членовите на кои таа им е потребна.
Фондот се финансира од синдикалните активности, синдикалната членарина и донации. За оваа цел, издаден е и музички албум на новинарската група „Репортери“. Проектот „Солидарност за слобода“ е реализиран со поддршка на  Амбасадата на САД во Македонија. 
Период на имплементирање 2013 – 2014-та година.

 

Публикацијата „Бела книга“ произлезе од потребата за синтетизирање на најкрупните проблеми на македонскиот журнализам во засебен документ. Еден од резултатите на тоа созревање е токму оваа студија за работните права и професионалните стандарди на македонските новинари. Проектот „Бела книга“  е реализиран со поддршка на Британската амбасада во Македонија, Период на имплементирање 2013-та година.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin