Врз основа на член 32 и член 33 од Статутот на Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, Извршниот одбор на седницата одржана на 15.12.2010 година го донесе следниот
ПРАВИЛНИК ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СИНДИКАЛНА ЧЛЕНАРИНА
на Самостоен синдикат за новинари и медиумски работници
Член 1
Работата на ССНМ се финансира од синдикалната членарина која членовите месечно ја уплатуваат на трансакционата сметка на синдикатот. ССНМ се финансира и од други дозволени извори под услови тие видови на финансирање да не ја загрозуваат самостојноста на синдикатот.
Член 2
Висината на членарината ќе изнесува 150 денари на месечно ниво или износ од 1800 денари на годишно ниво за членовите кои се во редовен работен однос.
Член 3
Висината на членарината ќе изнесува 80 денари на месечно ниво или износ од 960 денари на годишно ниво за членовите кои се не се во постојан работен однос (слободни новинари, постојани хонорарни соработници и други атипични видови работен ангажман).
Член 4
Невработените новинари и соработници во медиумите без постојан ангажман и приход, како и пензионерите, плаќаат солидарна членарина во износ од 50 денари месечно.
Член 5
Веќе постојните синдикални организации имаат право да го задржат претходниот начин на плаќање на членарината, со обврска кон ССНМ да ја уплатат утврдената членарина од 150 денари по член. Остатокот од средствата и остануваат на располагање на синдикалната организација.
Член 6
Членовите на ССНМ кои се на породилно отсуство или на боледување се ослободени од плаќање на членарината.
Член 7
Доколку постои оправдана причина ССНМ може на членот кој упатил писмено барање да му одобри неплаќање на членарината во одреден период но најдолго 6 месеци, а за тоа време членот да ги остварува сите права во согласност со Статутот. Во сите други случаи неплаќањето членарина подолго од три месеци повлекува бришење од евиденцијата согласно Статутот.
Член 8
Плаќањето на синдикалната членарина ќе се врши на еден од следните начини:
1. Преку административна забрана од плата;
2. Плаќање на годишната членарина на жиро сметка на ССНМ;
3. Преку траен налог, доколку е можно.
Член 9
Овој Правилник може да се менува и дополнува во зависност од потребата и условите за работа.