Солидарност со дописниците!

Banner300x250SolidarnostWСоочени со се потешката ситуација во која се наоѓаат нашите колеги, новинари, фоторепортери и сниматели кои работат како дописници за медиумските куќи во Македонија, најчесто како хонорарни соработници, ССНМ почнува акција за СОЛИДАРНОСТ СО ДОПИСНИЦИТЕ во период од 15- 21 септемви 2014. Ги повикуваме сите членови на медиумската заедница да земат учество и да покажат солидарност така што во текот на неделата ќе носат за таа цел специјално изработени машнички  во црвена и бела боја кои можат да се добијат од синдикалните претставници во вашиот медиум или директно во ССНМ.
Со акцијата сакаме да покажеме дека знаеме и не се согласуваме што нашите колеги кои со години работат без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, се третирани како „новинари од втор ред“ во македонските медиуми кои можат лесно, преку ноќ, да бидат отпуштени без обештетување и без каква и да е законска, но и морална обврска од страна на медиумот за кој работеле со години.
Ве повикуваме да ни се приклучите и заедно со симболично носење на црвено-белите машнички за да алармираме за ситуацијата на нашите колеги која е во спротивност со елементарното човеково право за достоинствена работа.