Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) во текот на своето повеќегодишно постоење изработи повеќе проекти во функција на зајакнување на своите институционални капацитети, лобирање, едуцирање на своето членство и анализирање на актуелните состојби со работничките права на новинарите и медиумските работници. Како позначајни во изминатите години ги издвојуваме следните проекти:
Проектот „Градење моќ за демократски права, слобода на медиумите и пристојна работа“ ќе трае две години (2023-2024) и за цел го има прашањето околу „Улогата на новинарите од локалната заедница и подобрување на нивните услови за работа“.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го реализира проектот со помош на Union to Union, а е финасиран од Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ).
Главна цел на проектот е регрутирање на новинарите и медиумските работници од локалните медиуми и нивно приклучување во ССНМ со презентација на придобивките од вмрежување. Во исто време на колегите во форма на средби и предавања им се презенатира можноста за остварување на правата што им следуваат според Законот за работни односи.
Очекувани резултати: Иницирање на независно новинарство и медиуми кои ќе бидат коректор и поттикнувач на демократските процеси во општеството и имплементирање на основните синдикални начела со почитување на кодексот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Проектот „Обучување на медиумските работници во Македонија за известување за климатски промени и животната средина“ е осум месечен проект (август 2023 – март 2024) поддржан од непрофитната организација Journalismfund Europe.
Целта на проектот е преку обуки и размена на искуства новинарите и медиумските работници да се стекнат со знаења и вештини за покривање на теми поврзани со климатските промени и екологијата, како и нивното влијание на сите други области од секојдневното живеење. Обуките вклучуваат идентификување на личните и професионалните предизвици при известување за климатските промени, идентификување потенцијални стории, начинот на третирање и развој на идеите за стории за животната средина, потенцијалните можности и трошоци при специјализирање за известување за животната средина и климатските промени.
Проектот „Работнички права за независно новинарство“ е двегодишен проект (2023-2024), финансиран од Европската унија.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го спроведува проектот во партнерство со Институтот РЕСИС.
Главната цел на проектот е да отвори простор за стратешки, севкупен и одржлив социјален дијалог помеѓу (1) Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, (2) менаџерските структури во медиумите и (3) надлежните државни институции, со цел постигнување на ефективна заштита на работничките и социјалните права на новинарите и медиумските работници во Македонија.
Оваа активност има за цел да го консолидира и модернизира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во насока на зголемување на аналитичките капацитети, како и капацитетите за мониторирање, мобилизирање и застапување; да го оспособи стратешки да ги организира внатрешните структури на локално и национално ниво; и како последица да ги зацврсти своите капацитети за за привлекување нови членови и сојузници; да и овозможи на заедницата на новинари и медиумски работници да отвори одржлив дијалог со менаџерските структури на медиумите со цел застапување на спроведување на внатрешни организациски механизми кои ќе осигураат стабилна и независна работна позиција во редакциите. Исто така оваа акција предвидува вклучување на државните институции и органи надлежни за медиумите со цел подобрување на легислативата и политичките гаранции.
Планирани активности
– Средби со новинари и медиумски работници
– Мапирање на медиумите и на новинарите и медиумските работници
– Истражување на состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници
– Изработка на Стратегија за работнички права на ССНМ
– Изработка на документи за политики во врска со медиумите и новинарите и медиумските работници
– Организирање обуки за работнички права и за подобрување на вештините на новинарите и медиумските работници
– Организирање средби за застапување
– Правна помош и правни совети за членовите на ССНМ
Очекувани резултати од овој проект се – подобрување на состојбите во медиумите и на социо-економската состојба на новинарите и нивно обучување за подобра заштита и борба за работничките права; зацврстување на капацитетите на ССНМ за регрутирање членство, за застапување пред институции и за заштита на своите членови; овозможување на одржлив дијалог помеѓу новинарите и медиумските работници со сопствениците на медиумите; поставување на основи за системско мониторирање на кршењето на работничките права во медиумите и нивна заштита.
Проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ е тригодишен проект (2023-2025) финансиран од Европската унија, како продолжение на проектот од 2019-2022 година.
Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Томсон Медиа, Асоцијација на новинари во Турција, БИРН Хаб и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Главната цел на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ е да обезбеди системска поддршка за подобрување на квалитетот и професионализмот во новинарството во Западен Балкан и Турција.
Специфичните цели на проектот се да се зајакне ангажманот на граѓаните и медиумите заснован на доверба, да се обезбедат ресурси и да се воспостават услови за медиумите и новинарите да произведуваат висококвалитетна содржина преку образование, обука, менторство и уредувачка, техничка и финансиска поддршка, како и објавување и промовирање извонредни достигнувања во квалитетно и истражувачко новинарство.
Главниот исход е – зголемени вештини на младите и новинарите во средината на кариерата за квалитетни вести и истражувачко известување преку зголемени можности за обуки, средства за производство на содржина и награди за заслугите во истражувачкото известување.
Проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) е 15-месечен проект финансиран од Balkan Trust for Democracy во програмата за слобода на медиуми.
Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Главната цел на овој проект е да се придонесе кон создавање на околина за суштинска партиципација на медиумските здруженија и синдикат како влијателни актери во општеството во поглед на напредокот на слободата на новинарите и нивната безбедност.
Специфичните цели на проектот се застапување и кревање на свесноста за потребата од подобрување на безбедноста и социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници со фокус на родовата еднаквост, како предуслови за слободни и независни медиуми и демократски развој на општеството.
Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia
Despite somewhat improvement has been acknowledged in the recent years, the media landscape in N. Macedonia continues to be polarized along political lines, with many media with ties of political or business nature. Journalists and media workers have experienced the ease of the working environment concerning freedom of expression and freedom of the press, but these improvements have been far from the desired level for a functioning democracy.
In line with the ambition to strengthening the position of media associations (AJM) and media trade unions (SSNM) as influential actors in the society for advancement of media freedom and journalist’s safety, project’s specific objectives are to advocate for and raise awareness of the necessity for improving the safety and socio-economic environment for journalists and media workers, with a focus on gender specific issues, as a precondition for free and independent media and democratic development of the society.
The project “Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia”, implemented by the Association of Journalists of Macedonia (AJM), in partnership with the Independent Trade Union of Journalists of Macedonia (SSNM), is funded by the Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States, and the Royal Norwegian Embassy in Belgrade.
The project duration is 15 months (15.02.2021-15.05.2022).
Проектот „Безбедни новинари во кризни ситуации“ е едногодишен проект финансиран од програмата на УНЕСКО – “Global Media Defence Fund”.
Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Активностите на овој проект се насочени кон овозможување побезбедни услови за работа на новинарите, отворање на специфични теми преку анализи поврзани со безбедноста на новинарите и нивната секојдневна работа под закани и/или напади, воспоставување на одржлив систем за мониторирање на нападите врз медиумските работници, како и овозможување на правна помош и заштита за новинарите и медиумските работници при различните типови на напади.
Кeeping Journalists Safe in Situation of Crisis
In the last decade, RN. Macedonia has witnessed higher number of attacks against journalists, from verbal attacks, insults, online harassment to physical attacks. This created an atmosphere of fear and self-censorship. Huge percent of the attacks ended with impunity, with only two cases in the recent years ending with sanctions for the perpetrators. Despite the fact that in the last years the physical attacks have a tendency of decreasing, there is still a huge number of cases of online harassment, attacks, intimidations, threats…
In response to these challenges, the project aims to draw the attention of the public and relevant national authorities about the cases of threats and/or attacks against journalists in North Macedonia, with the overarching goal of enhancing their safety, contributing to the fight against impunity, and deterring attacks against media professionals.
In addition, the project also envisages activities designed to ensuring the access to rapid legal assistance to threatened or attacked journalists, with the goal of supporting their legal defence and upholding their human and professional rights.
The project “Keeping Journalists Safe in Situations of Crisis”, implemented by the Association of Journalists of Macedonia (AJM), in partnership with the Independent Trade Union of Journalists of Macedonia (SSNM), is funded by the UNESCO through the Global Media Defence Fund, a UNESCO Multi-Partner Trust Fund, developed with the goal of enhancing media protection and improving the access of journalists to specialised legal assistance.
The project duration is 12 months (15.03.2021-15.03.2022).
Проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ е во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари. Целта е поддршка за кампањата за вработување е дел од програмата на IFJ „Union to Union“ програмата, но и во насока на дијалог со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за процесот на спроведување, мониторинг, евалуација и известување.
ССНМ за активностите во рамки на проектот ќе изготви привремени и конечни извештаи со резиме на одржаните дебати, резолуции и заклучоци.
Период за имплементација на проектот е 15 мај – 15 декември 2021 година.
„Професионално новинарство како јавно добро“ е проект кој ССНМ го доби како партнер на Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ поддржан од Европската Унија.
Делот од овој проект за чија имплементација е задолжен ССНМ ќе се фокусира на промовирање на медиумската писменост кај медиумските професионалци, односно подобрување на социо-економската состојба како предуслов за професионално известување. За промовирање на овие принципи како и подобрување на разбирањето на важноста на медиумската писменост и на работничките и други права на новинарите, ССНМ во рамките на овој проект ќе одржи повеќе средби со менаџери на медиуми и медиумски професионалци, ќе издава електронска публикација во која ќе се обработуваат разни теми поврзани со медиумската писменост и правата на новинарите, ќе организира обуки за млади новинари, а предвидено е и доделување на награда за медиум кој ќе покаже најдобри практики во односот кон вработените и кон јавниот интерес.
Период за имплементација: јануари 2018 – декември 2020.
Проектот има за цел да обезбеди ефикасна правна и колективна заштита на новинарите и медиумските работници, да едуцира и да го засили активизмот во одбрана на професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници и да го зајакнат присуството на прашањето за работните и професионални права во медиумската индустрија како предуслов за професионално новинарство со интегритет во јавниот дискурс. Активностите се поддржани од Еврoпската Унија, преку проектот „РеФорМедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана.
Период за имплементација: октомври 2016 година – октомври 2017 година.
„Зад насловите“ е проект што ССНМ го доби како субгрантист на ЗНМ во рамките на проектот „Новинарска мрежа за независни медиуми во Македонија“ поддршан од ЕУ. Во фокусот на проектот на ССНМ е создавање на медиумски содржини за теми поврзани со новинарите и медиумите, наметнување во јавниот дискурс на важноста на слободата на изразување, но и на почитувањето на професионалните стандарди.
Со овој проект практично јавноста ќе има можност да стекне вистинска, реална слика и сведоштво кое стои зад насловите и штурите информации за отпуштања, затворања на медиуми, или декларативните повици за слобода на професијата.
Преку аналитички текстови и дебати што ќе ги следат на теми кои се од витално значење за професијата ќе се даде можност за јакнење на новинарската солидарност но и за размена на мислења и подобрување на дијалогот меѓу самите новинари од една и јавноста од друга страна.
„Мрежа 23“ е проект за создавање мрежа на граѓански организации за следење, евалуација и застапување на политиките во рамките на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ, правосудтво и темелни права.
Проектот „Мрежа 23“ е реализиран со поддршка на Делегацијата на ЕУ – ИПА, во имплементација на Институтот за европска политика (ЕПИ).
Период на имплементирање: 2014 година.
Проектот „Драфтирање на колективен договор за медиумската индустрија“, имаше за цел да иницира дискусија и да ја постави на јавната агенда темата за потребата од колективно преговарање и Колективен договор за медиумската индустрија. Тој резултираше со нацрт – Колективен договор во чија што изработка учествуваа голем број новинари и медиумски работници.
Период на имплементирање: 2015 година.
Проектот „Работнички права на медиумските работници“ резултираше со Стратегија за коминикација, зголемување на видливоста на ССНМ и преку тренинзи и средби, создаде мрежа на обучени активисти и синдикални претставници кои лобираат за подобрување на професионалните стандарди за работа на новинарите и медиумските работници.
Период на имплементирање: 2015 година.
„Прекарна работа во медиумите“ е студија иницирана од несигурната, непостојана, незаштитена и слабо платена работа на која се изложени новинарите. Анализата е спроведена во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Проектот „Прекарна работа во медиумите“ е реализиран со поддршка на Фондацијата Роза Луксембург (RLS).
Период на имплементирање: 2014 година.
LO-TCO е проект финансиран од Меѓународната федерација на новинари (IFJ). Неговата цел е да го зајакне капацитетот во спроведувањето на работните активности и целите на организацијата.
Проектот „LO-TCO“ е реализиран со поддршка на Меѓународната федерација на новинари (IFJ).
Период на имплементирање: 2012, 2013, 2014 година.
Во рамките на проектот „Солидарност за слобода“ спроведени се активности со цел подигање на солидарната свест кај новинарите, како и подобрувањето на имиџот на новинарството и новинарите во јавноста. Формиран е и Солидарен фонд за финансиска помош на членовите на кои таа им е потребна.
Фондот се финансира од синдикалните активности, синдикалната членарина и донации. За оваа цел, издаден е и музички албум на новинарската група „Репортери“. Проектот „Солидарност за слобода“ е реализиран со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.
Период на имплементирање: 2013 – 2014 година.
Публикацијата „Бела книга“ произлезе од потребата за синтетизирање на најкрупните проблеми на македонскиот журнализам во засебен документ. Еден од резултатите на тоа созревање е токму оваа студија за работните права и професионалните стандарди на македонските новинари. Проектот „Бела книга“ е реализиран со поддршка на Британската амбасада во Македонија. Период на имплементирање: 2013 година.