Програма за работа

Поаѓајќи од Статутот и другите документи на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници членството и раководството  на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во наредниот петгодишен период посебно ќе се ангажираат:

–  на непосредна комуникација со  идните членови. Посета на новинарите и медиумските работници на нивните работни места, објаснување на целите и придобивките на синдикалното организирање.

– промовирање на нов, современ тип на работење, преку вклучување на членството во што е можно поголем број одлуки и решенија. За таа цел ќе се користат сите традиционални и современи средства за комуникација:интернет, електронска помош, социјални мрежи…

– обезбедување на бесплатна правна помош за своето членство во остварување на  своите поединечни и колективни права од работниот однос и покренување  постапка пред надлежните судови – иницирање и водење  преговори и потпишување на колективни договори со работодавачите на национална ниво и на ниво на медиуми

–  Соработка со Државниот инспекторат во функција на заштита на правата на работниците и работниците во медиумите. ССНМ  ќе се залага за  воведување ред во работата на медиумите и почитување на одредбите на македонското законодавство за да се елиминира работата на црно и да се овозможи соодветна заштита на вработените.

-тесна соработка на ССНМ со Здружението на новинарите, Македонскиот Институт за медиуми  како и сите други невладини и непартиски организации кои за свој предмет на работа ја имаат медиумската сфера и нејзиното подобрување.

-иницирање и развивање на регионалната соработка со синдикалните здруженија, заради помош, размена на искуства но и заедничко делување

– вклучување на ССНМ во меѓународната федерација на новинари (IFJ) како чадор-организација која ги обединува медиумските синдикати и здруженијата на новинарите во светот.

При тоа, ССНМ во својата работа ќе прифати помош во донации, спонзорства , размена на искуства ,но само доколку тоа не влијае на самостојноста на организацијата.