Да се организираме – Синдикалниот прирачник за новинари изготвен да им помогне на синдикатите на новинари во целиот свет. Тоа е основен текст кој може да се користи како вовед во синдикалното организирање на новинарите. Наменет е првенствено за:
- членови и потенцијални членови
- лидери на синдикати
- синдикални едукатори.
Овој прирачник се обидува да покаже дека квалитетот на работните услови на новинарите е клучен фактор во создавањето на демократска медиумска култура. Без социјална правда и правичност на работното место, невозможно е да се зборува за уредничка независност или слобода на печатот.
Информациите наведни во овој прирачник пополнуваат една посебна празнина во основните алатки за обука за новите синдикати и идните синдикални лидери кои се обидуваат да се постават како вистинска сила за подобрување на работните услови на новинарите.
Целата публикација е достапна ТУКА