Предлог на измени и дополнувања на Кривичниот законик за заштита на новинарите

Датум

Во последниве неколку години видлива е тенденцијата на зголемување на насилството против новинарите, но исто така и свеста на меѓународната јавност за потребата од решавање на проблемот. Последниот случај на убиената истражувачка од Малта е показател за итноста од преземање сериозни чекори за да се прекине страшната спирала на насилство и неказнивост на која се изложени новинарските екипи во нивната работа
Според податоците на Комитетот за заштита на новинарите од 1992 до 2016 во светот се убиени 1189 новинари. Во 2015 се убиени 97 новинари, а во 2017 според Меѓународната федерација на новинари до моментот на објавување на анализата се убиени 57. Паралелно со глобалните трендови видливо е дека се зголемува и бројот на новинарите во Македонија кои биле изложени на напад, физички или вербално. Здружението на новинари регистрира околу 50 напади од 2014 до денес. За жал таа бројка постојано расте, а според ЗНМ постапувано е само за десет случаи, од кои пет се на обвинителство, а пет се на суд.
Она што особено загрижува, освен зголемувањето на бројот на убиените или нападнатите новинари во претходните години е што на глобално, но и на локално ниво може да се зборува за многу малку истраги кои завршуваат со казнување на напаѓачите.
Сето ова создава атмосфера на страв и несигурност во која работата нашите колеги. Настаните на 27 април 2017 година, при упадот во Собранието се најдобар доказ за положбата и третманот на новинарите во Македонија. Тие тогаш беа цел на напад токму затоа што се новинари и беа спречени да ја извршуваат својата работа.
Со оглед на честите напади врз новинарите во Македонија а со цел да се обезбеди подобрена правна заштита ССНМ верува дека воведувањето на нови кривични дела во Кривичниот законик „Спречување на новинарите во извршувањето на професионалните задачи“ и „напад врз новинарите во извршувањето на професионалните обврски„ односно дополнување на постојните кривични дела „Тешко убиство“ и „Тешка телесна повреда“ може да придонесе за одвраќање на потенцијалните сторители на ваквите напади во иднина.
Со предложените измени новинарските екипи ќе добијат зголемена заштита во извршувањето на професионалните обврски, нешто слично како и официјални лица во вршењето на службените дејствија. При тоа треба да се нагласи дека новинарите и медиумските работници не се изедначуваат со службени лица. Таквата заштита ќе биде во согласност со меѓународните и европските стандарди и практика на Европскиот суд за човекови права, која е во повеќе одлука истакна државата “позитивна обврска” врз основа на член 10 од Европската конвенција за човекови права за да се обезбеди безбедна средина за уживање на слободата на изразување (Özgür gündem против Турција, 2000 Динк против Турција, 2010)
Во продлжение е анализата на ССНМ со Предлог на измени и дополнувања на Кривичниот законик за заштита на новинарските екипи

Останати
објави

Сподели на...