Студијата „Работно време во новинарството: компаративна анализа на синдикати на ЕФЈ“ е прв проект на Европската федерација на новинари – ЕФЈ насочен кон компаративна студија на условите за работа во новинарството. Премисата на оваа студија беше интересот на новинарите за флексибилно работно време. Постои голем јаз помеѓу законодавството и/или договорите и реалноста на работата од една страна, и синдикалните политики и однесувањето на членството од друга.
Се чини дека создавањето правила за уредување на работното време, независно дали преку дефинирање на годишно ниво или на ниво на петдневна работна недела, претставува нерешлива контрадикторност за новинарите. Новинарството е повик а не професија, е аргумент кој често може да се слушне. Новинарските синдикати се свесни за аргументите против новинарството „на штоперица“, врз основа на безбројни преговори со издавачи, медиумски компании и нивните организации.
Информациите и договорите за плати кои се дадени во овој материјал имаат за цел и навистина можат да им овозможат на новинарските синдикати во Европа да гледаат подалеку од своите национални граници во текот на колективното преговарање и да пронајдат сугестии и поттик за сопствената работа.
Студиата можете да ја прочитате ТУКА