Заштита и можности за остварување на работничките права на новинарите и медиумските работници – компаративна анализа

Датум

Искуствата од земјите-членки на Европската унија, но и од некои соседни земји нудат позитивни примери за тоа како да се зајакнат законските гаранции и да се подобри почитувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници и во нашата земја – на пример, Франција е пример за тоа како во општата легислатива можат да се заштитат и правата на посебни категории работници како што се новинарите, а Данска, пак, е земја во која работата на новинарските синдикати во голема мера придонела за развојот и почитувањето на работничките права. Покрај тоа, гаранциите за работниот и професионалниот статус на новинарите и медиумските работници се дополнително зајакнати и со медиумската легислатива на различни земји.

Во Македонија работничките права на новинарите и медиумските работници се покриени со општата легислатива која ги уредува работните односи, но во нив специфичните права на лицата вработени и ангажирани во медиумскиот простор не се издвоени како посебна категорија. Одредени одредби за работничките права на новинарите содржи и Законот за медиуми, но тие не се доволни за да обезбедат стабилност и независност на нивниот работен и професионален статус.

Ова се некои од клучните наоди во публикацијата „Заштита и можности за остварување на работничките права на новинарите и медиумските работници – компаративна анализа“, што заеднички ја објавија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС. Авторка на анализата е Маја Атанасова од Македонското здружение на млади правници.

Поважни препораки и заклучоци од анализата:

  • Измена и дополнување на Законот за работните односи и Законот за медиуми заради опфат на новинарите и медиумските работници што се ангажирани со други договори, како и заради опфат на новинарите и медиумските работници што работат во онлајн-медиумите.
  • Измена и дополнување на Законот за медиуми преку зајакнување на постојните права поврзани со стабилноста на работниот статус и другите права на новинарите и медиумските работници.
  • Користење на можноста за доуредување на правата на новинарите и медиумските работници преку користење на правото на здружување во синдикати, колективни преговори и склучување колективни договори.

За да ја преземете публикацијата на македонски јазик кликнете тука.

Оваа публикација е достапна на албански јазик и на англиски јазик.

Публикацијата е дел од проектот „Работнички права за независно новинарство“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС.

Останати
објави

Сподели на...