Беловски: Случајот со колешката Делевска оди на конто на тоа дека имаме уште еден несакан обид за заплашување и загрозување на новинарите

Претседателот на на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Павле Беловски и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски утрово гостуваа во Утрински брифинг каде говореа на неколку важни и актуелни теми, со посебен акцент на случајот со колешката Соња Делевска, која поради објавена сторија беше повикана на службен разговор во полиција.

– Случајот со повикувањето на новинарката Делевска во МВР на службен разговор во полициската станица Центар поради објавен текст, оди на релација кои што ние постојано го зборуваме, а тоа е двата клучни елементи – ние за да имаме здраво новинарство, во рамки на демократско општество, како што се декларираме – еден аспект е социоекономската сигурност, вториот би бил отсуството на цензура и самоцензура. Случајот со колешката Делевска оди на конто на тоа дека имаме уште еден несакан обид за заплашување и загрозување на работата – изјави Павле Беловски, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Тој потенцираше и дека не сакаа да верува дека имаме механизми кои во едно време властите се пресметуваа со нашата професија.

„Има големи пропусти и од тоа не можеме да отстапиме. Одново се покажа фрагилноста на МВР“ вели Беловски.

Целиот разговор можете да го проследите на видеото во прилог.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn