ССНМ ги комплетираше обуките за Јавен настап и за Медиумска писменост

Со тренингот одржан во Центар Јадро во Скопје Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го заокружи пакетот од две предавања за своите членови кои беа со теми „Вештини на јавниот настап во електронските медиуми” и „ Медиумска писменост: опасност од дезинформациите во медиумите и на социјалните мрежи “. М-р Билјана Жеревска и Срѓан Ивановиќ со презентацијата и со вежбите одново целосно го окупираа виманието на учесниците за што доказ е пролонгирањето на настанот.

ССНМ со овие две случувања ја продолжи праксата на новинарите и медиумските работници да им приближува теми, да им обезбедува надградба и тековно информирање од областа во која работат со практикум кој може да им овозможи теоретски и практични знаења од областа на вербалната и невербална комуникација, неформалното и јавното говорење, ефективната комуникација, етика во медиумите и на социјалните мрежи, критичко размислување при дезинформации и лажни вести итн.

Областите кои во оваа пригода беа разработувани од Жеревска и Ивановиќ беа предложени и избрани од младинската селекција на ССНМ која и натаму е главен инцијатор на активностите на синдикалното движење во медиумите во Македонија.  

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn