Времето на непречено преземање фотографии, видео и авторски текстови на новинарите и медиумските работници мора да завршии. Од јануари ССНМ влегува во процес на одбрана на правото на авторот, независно дали е новинар , фоторепортер или снимател, неговиот труд да биде платен и заштитен. Преземање на фотографии, или авторски текстови како колумни без дозвола од авторот е казниво и ССНМ ќе застане зад сите кои се навистина оштетени со пружање на правна помош и застапување на суд.
ССНМ смета дека е крајно време до свеста на луѓето и до медиумите да стигне пораката дека авторските права мора да се почитуваат поради што сите учесници во медиумскиот бизнис мораат да престанат да бидат комотни кога преземаат фотографии и текстови на други автори. Незнаењето, неиформираноста или незаинтересираноста веќе не се и нема да бидат оправдување. Почитувањето на авторските правае законска обврска, а воедно и е еден од темелните принципи на новинарската етика
Обврската за почитување на авторските права ја наложува првенствено Законот за авторски права како лекс специјалис, меѓутоа таа обврска ја има и во Кривичниот законик на Македонија што значи дека станува збор и за кривично дело.
ССНМ очекува дека овој апел ќе биде сфатен сериозно и одговорно со што ќе се избегне некој да биде изложен на барања за паричен надомест и кривична одговорност како и на дополнителни трошоци изразени во вид на адвокатски и судски трошоци и камата.