Во оваа публикација на ССНМ ја обработуваме темата „Важноста на локалните медиуми во време на пандемија“. Главниот текст на оваа тема се однесува на состојбата во која се наоѓаат локалните и регионалните медиуми во Македонија и начинот на кој работат во овој кризен период. Пренесуваме и совети за подобро функционирање на локалните медиуми, како и пример за иновативни иницијативи за развој на локалните медиуми.
Во овој број ќе читате:
- Пандемијата ја потврди важноста на локалните и регионални медиуми, но финансиски ги дотолчи
- 10 совети за зајакнување на локалните редакции
- По падот на канадските локални медиуми, една иницијатива предизвикува надеж
- Извештај на институтот ројтерс за локални и регионални весници – Објавувајте помалку, но објавувајте подобро
- Медиумите кои немаат онлајн претплата треба веднаш да почнат
- Градење на моќта на синдикатите за здрава работа од далечина
Целата публикација тука.
Публикацијата на ССНМ е помогната од Европската Унија, како дел од проектот„Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.