• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

ДИК не смее да наметне медиумско претставување за референдумот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во  медиумите на Македонија (СЕЕМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.

Потсетуваме дека последните измени и дополнувања на Изборниот законик, со кои се озакони политичка пропаганда во медиумите платена од парите на граѓаните, се однесуваат само на организирање  изборни кампањи, а не и на организирање референдуми.

Ги повикуваме медиумите да не дозволат да бидат вовлечени во оваа политичка манипулација. Ако денеска дозволат некој да им наметнува правила како треба да се огласува во нивните медиуми, утре ќе им кажуваат и како треба да известуваат

ДИК нема законска надлежност да ги толкува законите, додека појаснувањето на Комисијата за медиумското претставување за референдумот е паушално, без законска основа и ги дискриминира учесниците на референдумот.

Нејасно е од каде ДИК извлекува право на Собранието на Р. Македонија, како организатор на референдумот да му даде приоритет во медиумското претставување, во споредба со останатите учесници на референдумот. Собранието не само што добива привилегиран пристап до медиумите за политичката пропаганда за референдумот, туку и трошоците за пропаганда ќе бидат платени од јавни пари.

Другите учесници во кампањата за референдумот не само што ќе имаат ограничен пристап до медиумите за пропаганда, туку и трошоците за огласување ќе мора да ги сносат сами. Ваквото паушално појаснување  може сериозно да го загрози легитимитетот и легалитетот на референдумот и затоа ДИК треба веднаш да го повлече.

Ги повикуваме медиумите да не дозволат да бидат вовлечени во оваа политичка манипулација. Ако денеска дозволат некој да им наметнува правила како треба да се огласува во нивните медиуми, утре ќе им кажуваат и како треба да известуваат.

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Scroll Up