Избрана координаторка на младинската група при ССНМ

На 08 ноември претставници од ССНМ остварија координативна средба со млади новинари на тема „Потребата од вклучување на млади новинари и медиумски работници во раководните тела на ССНМ “

За вовед обраќање имаше Павле Беловски, претседател на ССНМ, а осврт на претходната средба даде тековните обврски и случувања во рамки на работата на ССНМ Перо Момировски, проектен координатор.

На средбата беше потенцирано дека според последните истражувања на ССНМ, младите новинари и оние кои работат во дигиталните медиуми во земјава најчесто работат со нерегулирани работни договори.

Се продискутира и за тоа дека во услови на здравствена и економска криза во последните години, овој проблем се повеќе се појавува на површина, особено во случајот со здравственото осигурување. 

Во вториот дел од средбата присутните ја избраа Викторија Миткова, млада новинарка од Телевизија Алфа за координатор на групата на млади новинари и медиумски работници

Овој настан се одржа во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn