Во оваа публикација на ССНМ ја обработуваме темата „Медиумите во време на пандемијата“. Главниот текст на оваа тема се однесува на државната помош за медиумите и нејзиното влијание. Пренесуваме и анализа за важноста на локалните вести во време на пандемија, потребата од нови бизнис модели во новинарството и други текстови и анализи за новинарската професија.
Во овој број ќе читате:
- Медиумите известуваат за здравствената криза, преживувајќи ја економската
- Пандемијата покажа дека локалните вести се поважни од кога и да е
- Ни требаат нови бизнис модели за новинарството – Извештај на Институтот Ројтерс
- Во време на КОВИД-19 кризата, прогнозите за слободата на печатот се мрачни, анализа на Кетрин Јакобсен за Комитетот за заштита на новинарите
- Етички размисли за известувањето за КОВИД-19
и други анализи и текстови.
Целата публикација тука.
Публикацијата на ССНМ е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.