Одлуката за штрајк во организација на ССНМ во редакциите на Медиа принт Македонија останува и покрај делумно исполнетото барање за исплата на декемвриската плата.
Со оглед на тоа што не се исплатени хонорарите, содржани во првото барање и во очекување на исполнувањето на другите два услови – исплата на јануарската плата и хонорари до 15 февруари, како и информација за плановите на менаџментот во следните 6 месеци, штрајкувачките одбори на Утрински, Дневник и Вест остануваат на одлуката за штрајк. Доколку не дојде до преговори и исполнување на барањата штрајкот започнува како што е планирано на 17 февруари.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- Бул. „Климент Охридски“ 58б 2/3, Скопје