• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Одлука за штрајк во МПМ

Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници -ССНМ и синдикалните претставници на синдикалните групи на ССНМ во редакциите на дневните весници на Дневник и Утрински Весник на Друштвото за услуги Медиа Принт Македонија ДООЕЛ – Скопје донесе одлука за стапување во штрајк.

Откако на сите обиди за средба и преговори на вработените за исплата на плата за декември не само што не е одговорено туку вработените веќе  не се ниту здравствено осигурени, тие решија и формално да ја започнат процедурата за штрајк.

Проблемот со платите на вработените во МПМ тлее неколку месеци, Синдикатот се обидуваше да најде заеднички јазик со раководството, меѓутоа и покрај сите заложби и ветувања од негова страна, многу малку беше направено да се излезе во пресрет на нашите членови и затоа револтот резултираше со одлука за штрајк.

На вработените во наведените медиуми досега им беа намалувани платите под изговор дека економската состојба во земјата е лоша. Притоа компанијата не понуди доказ дека се намалуваат надоместоците и за менаџерскиот тим. На сите средби со раководството ССНМ постојано предупредуваше дека паѓањето на тиражите не е последица на лошото работење на новинарите и медиумските работници туку на менаџирањето кое го урна кредибилитетот на весниците што беа лидери во индустријата на печатените медиуми и вистински креатори на јавното мислење.

Одлуката за штрајк, неговиот почеток и начинот на негово спроведување согласно одредбите од Законот за работни односи, им е доставена на менаџментот на МПМ

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Scroll Up