Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро го осудува физичкиот напад врз новинарот Љупче Златев што се случил вчеравечер во еден скопски локал.
Според Златев, тој бил физички нападнат од лице, подоцна идентификувано од нападнатиот, кое се обидело да го исфрли од локалот при што му биле нанесени повеќе лесни телесни повреди.
Нападот е пријавен во полиција и ССНМ очекува брзо откривање на сторителите и нивно изведување пред лицето на правдата.
Слободата на говор и плурализмот во медиумите се основи на секоја демократија и без основна безбедност на новинарите и медиумските работници, не е можно практикување на оваа професија.
Ги повикуваме институциите, МВР и Основното јавно обвинителство итно да постапуваат во ваквите случаи и тие да не се оставаат нерешени, бидејќи неказнивоста значи и еден вид охрабрување на идните престапници.
Уште еднаш потсетуваме дека е потребна итна измена на Кривичниот закон, при што нападот врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице, односно институциите ќе мора по службена должност да преземаат дејствија за расчистување на ваквите напади.