• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Осуда за ароганцијата кон фоторепортерите

Оставени фотоапаратени во знак на протест

ССНМ бара итно од Владата на Република Македонија да ја испита ситуацијата во која тројца фото-репортери биле оневозможени да работат и при тоа биле изложени на ароганција и непримерно однесување од страна на преставници на власта,а под изговор на „безбедносни проценки“ на почетокот на денешната лидерска средба.

Во изминативе години многу неправди, притисоци и злосторства врз медиуми и медиумски работници се извршени под максимата „согласно Уставот, законите и процедурите“ поради што најостро отфрламе секаков обид ароганцијата, затвореноста и третирањето на новинарската фела со потценување да бидат објаснети со безбедносни или каков било друг вид “проценки“.

Воедно потсетуваме дека ние сме тие кои секогаш први ги чувствуваат сигналите на недемократските практики, но како што докажавме и досега, ниту во минатото ниту сега нема да молчиме.

Ако 11 години се боревме против газењето на новинарската заедница, во услови на, како што власта љуби да каже, „режим“ тогаш во оваа „демократија“ ќе бидеме уште погласни и непомирливи во борбата за достоинство на секој припадник на професијата.

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Scroll Up