Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џaзира во центарот на Скопје

Датум

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат нападот кон новинарската екипа на Ал Џезира и бараат од МВР да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот.

На протестот кој денеска во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џазира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски обврски. Според видеата и изјавите на новинарката во врска со инцидентот, откако прашалo од кој медиум непознатоto лице имало физички контакт со нив по што го турнало микрофонот на новинарката.

Новинарката Смилевска на лице место го пријавила инцидентот на службеник од МВР по што, за сега непознатото лице, било тргнато на страна, а од службеникот било укажано дека соодветна прекршочна пријава ќе биде поднесена кон напаѓачот.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите е неприфатливо во демократски земји. Доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните.

Останати
објави

Сподели на...